Search This Blog

Monday, December 01, 2008

Колку полицајци - толку приватни обезбедувачи ... се створија ли мали приватни армии ...

По оценката на невладината Цивил“ ... во Mакедонија што легално регистрирано во полицијата ... што нелегално работи армија од скоро 13.000 обезбедувачи ... према некои бројки што се исфрлени во медиумите полицајци имаме околу 16.000 сосе администрацијата на плицијата ...

читај повеќе »

Од каде толкава потреба за толкав енормен број на обезбедувачи ...

Приватното обезбедување скоро во целост ја замени чуварската служба ... многу од фирмите имаат приватно обезбедување ... и црквите ангажираат приватно обезбедување ... школите често ангажираат приватно обезбедување ... славните и богатите се опкружени со приватно обезбедување ... политичарите исто ... често кај сите нив има и воено формациско оружје ... особено кај обезбедувачите на партиите ... кои ги следат одделните политичари и ги обезбедуваат митинзите ...

Особено бројно е обезбедувањето на партиите кои не се на власт ... тие се опкружени со своите пулени од тајната и специјалната полиција, која е одфрлена со доаѓањето на новата власт ... а пак владеачката партија своите дотогашни обезбедувачи веднаш ги вработува во полициските структури ...

Се створија ли мали приватни партиски армии ... во лицето на одредени агенции за обезбедување ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter