Search This Blog

Tuesday, April 07, 2009

Еврото како домашна валута ...

ММФ во доверлив извештај - кој го пренесе „Фајненшел тајмс“ препорачува во земјите на Источна и Централна Европа да се воведе еврото како платежно средство ... за полесно да се преброди кризата ...

Повеќе »

Може ли еврото да се воведе како валута ако тоа не ти го дозволи ЕУ ... мислам дека не може ... тогаш се прашувам како Црна Гора го има еврото како валута, кој беше нивниот начин тоа да се спроведе ... Ке испадне дека црногорците биле далековиди ...

Да може јас утре би гласал еврото да се воведе како домашна валута ... така ке се спасиме од девалвација ... таа нема да зависи од нашата економија ... ЕУ сериозно треба да размисли ова да го понуди на земјите кои не се дел од ЕУ зоната и земјите кандидати ... на таков начин земјава ке дејствува како да имаме валутен борд, кој би ја контролирал емисијата на готови пари ... така силно би се потикнал извозот и странските инвестиции ...

  • „Фајненшел тајмс“: Источна Европа да го усвои еврото
  • Наместо денари - евра, ќе ги реши ли тоа проблемите? ... - ... воведувањето на еврото како едностран потег би значело дека се суспендира домашната валута и улогата на Народна банка на Македонија. ...
    - ... Позитивни страни, пак, би биле стимулирање на размената со странство и зголемени странски инвестиции, како и пониски каматни стапки и елиминација на опасноста од девалвација на денарот
    . ...
    - ... гувернерот Петар Гошев за „Утрински весник“ изјави дека таа е технички неизводлива, бидејќи Европската унија не дозволува еднострано воведување на еврото, како и дека евентуален таков потег не би ги решил преку ноќ економските проблеми на земјава, иако би се елиминирал ризикот кај девизниот курс. ...
    - ... ќе биде потребно да се обезбеди доволна количина готови пари во евра за да се заменат сегашните готови пари во оптек. Тоа подразбира околу 15 милијарди денари или околу 250 милиони евра, за да се заменат сите денарски резерви во готови пари што се наоѓаат во трезорите на НБМ и на банките, како и да се обезбеди поголема количина други резерви на евра што би се употребиле во случај граѓаните да сакаат веднаш своите конвертирани денари да ги заменат за евра во готово“, вели Неновски.

No comments:

Blog Archive

Site Meter