Search This Blog

Saturday, April 18, 2009

Велика Сабота ... Святый Боже, Святый Крепкий, Святый Бессмертный, помилуй нас ...

http://preminportal.com.mk/images/stories/vesti08/Pogrebenie.jpg

Денеска е Велика Сабота, предпоследен ден од страсната седумдневница, денот кога Христовото тело е погребано во свеж гроб, откако предходно е припремено за погработ ... денот кога душата христова оди во адот ... денот е строг пост ... најчеста молитва на овој ден е Святый Боже, Святый Крепкий, Святый Бессмертный, помилуй нас ... денеска во вечерните часови во сите цркви се организира бдеење со масовно присаство на сите верници, за да во полноќнио час се прогласи воскреснувањето на Христос - кој со својето воскреснување ја победи смртта ... од тој час настапува голема радост ... со Великата Недела - ВеликДен т.е. Христовото воскрснување - завршува стадалната седумдневница ...

Повеќе »

  • СИНАКСАР на ВЕЛИКА САБОТА ...
    - Во светата и Велика Сабота го празнуваме боготелесното погребение и слегувањето во адот на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, Кој нашиот род од распадливост го повика кон вечен живот. Светата Четириесетница е поголема од сите други денови, а од неа, пак, е поголема оваа света и Велика седмица; а од Великата седмица повторно најголема е оваа света и Велика сабота. А Велика седмица се именува не затоа што има повеќе денови или часови, туку затоа што во неа се случија големи и натприродни чудеса и извонредни дела на нашиот Спасител, особено денес. Како што при првото создавање на светот, откако го заврши сето Свое дело, особено откако го создаде човекот во шестиот ден, во седмиот ден Бог отпочина од сите Свои дела, го освети и го нарече сабота, што значи одмор, така и во создавањето на духовниот свет, откако на извонреден начин создаде се, откако во шестиот ден го пресоздаде распадливиот човек и го обнови со живоносниот Крст и со смртта, во овој седми ден повторно се одмори и, по завршените дела, заспа со животворен и спасителен сон.
    - Словото Божјо со телото слезе во гробот, а во адот се спушти со Својата нераспадлива и божествена душа која во смртта се раздели од телото и ја предаде во рацете на Отецот, Кому ја принесе и Својата крв, а која е нашето спасение, иако Он немаше потреба да го бара тоа. Поради тоа душата на Господа не беше задржана во адот, како душите на другите светии. Па како би била и задржана, кога таа воопшто и не потпаѓаше под прародителската клетва, како другите. Нашиот непријател ѓаволот, иако не задржуваше, не можеше да ја земе крвта по цената на која ние бевме искупени. Та, како ѓаволот, тој разбојник, би можел да Го задржи, бидејќи Христос не беше само од Бога, туку беше Самиот Бог? Меѓутоа, Господ наш Исус Христос се всели во гробот со Своето тело и со Своето божество кое беше тесно соединето со телото. Беше во рајот со разбојникот и, во исто време, беше во адот, како што се вели, со Својата обожена душа. Со Својата, пак, божествена природа Он седеше заедно со Отецот и со Светиот Дух, а како Бог неопислив беше насекаде, зашто божеството беше нестрадално ни во гробот ниту на крстот. Секако, телото Господово требаше да претрпи и смрт, односно разделување на душата од телото, но не и распаѓање, односно целосно разурнување на телото и на неговите членови.
    - Јосиф, откако го симна светото тело на Господа, Го погреба во нов гроб, близу во градината, и на влезот од гробот стави огромен камен, бидејќи Јудеите, по петокот, отидоа кај Пилат и му рекоа: „Господару, се сетивме дека оној измамник, додека беше жив, рече: По три дена ќе воскреснам. Мислиме дека е добро твојата власт да и нареди на војската да го чува гробот". Пилат одговори: „Ако е измамник, тогаш зошто се грижите за неговите зборови додека бил жив, бидејќи тој, ете, несомнено е мртов?" А, кога Тој рекол дека ќе воскресне? Се чини дека тие дошле до тој заклучок од поуката за Јона. Но, секако, ако гробот биде чуван, нема да го украдат. Безумници!!! Тие не беа сфатиле дека тоа што го правеа наскоро ќе се сврти против нив! Кога Пилат наредил, тие самите поставиле војничка стража и грижливо со печат го утврдиле гробот, за да не можат да речат, со клевети, дека воскресението на Господа се случило без стража и без печати, со измама
    .
    http://preminportal.com.mk/images/stories/vesti08/Pogrebenie.jpg http://preminportal.com.mk/images/stories/vesti08/Hristos.adam.jpg
  • Велика Сабота ...
    - Велика Сабота (грч: Μεγάλο Σάββατο), е посветена на споменот на погребот на Господ Исус Христос и Неговото слегување во адот. Христос е присутен во гробот со телото, а со духот е присутен во адот, истовремено биваји на престолот со Отецот и Духот, со самото тоа што Тој е сеприсутен Бог, неодвоив од другите две ипостаси на Пресвета Троица. Велика Сабота е онаа сабота кога Христос покажа дека е дојден крајот на стариот век, чиј символ е празнувањето на саботниот ден, и започнува новиот век, во кој се празнува денот на Неговото Воскресение, денот на есхатонот, денот кој сите Христијани со желба го исчекуваат - денот на Второто Христово пришествие.
    - Утрената на Велика Сабота во поново време не се служи рано наутро, туку навечер на Велики Петок. Пред Христовиот гроб, со кадење се врши сликата на Христовото погребение. Читајќи го целиот 118 Псалм се пеат статии во кои се слави умрениот Спасител и се изразува болката, нажаленоста и тагата на Пресвета Богородица. Ова е поделено на три статии; во канонот на Велика Сабота, чии песни ги напишале Марко Идрунтски (од прва до четврта) и Косма Мајумски (од шестата па до крај), додека ирмосите на првите четири песни ги напишала монахињата Касија, се слави победата Христова над смртта, и за прв пат се дознава дека овој шабат - оваа благословена сабота во која Спасителот лежи мртов, е преблагословена сабота во која Христос е погребен и го ветува воскресението на третиот ден
    .
  • Велика Сабота ... Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика сабота е исполнета со исчекување на благодатта на Неговото Воскресение. Смртта на Господ веќе ги воскреснала упокоените праведници во Ерусалим кои им се јавиле на мнозина, а први што трепереле пред можноста да се објави како воскреснат биле непријателите Негови (првосвештениците и фарисеите што побарале да биде убиен). Побарана е стража од римски војници да Му го чува телото. Сепак, Он како оној што невино и неправедно а Божествен претрпел понижувања, страдања и смрт на крст, незадржливо воскреснал. Смртта и пеколот (демоните) не нашле начин да воспостават власт над Таквиот. Воскреснатиот Господ им се јавил на Своите ученици онака како што сведочат Неговите апостоли и евангелисти. Долгиот богослужбен ден на Велика Сабота завршува длабоко во ноќта со бдението пред Пасха.
  • Денес е Велика сабота ... Денеска е Велика сабота, ден кога Православната Црква го спомнува телесното погребение на Господ Исус Христос и Неговото слегување во адот.
  • http://www.netpress.com.mk/vestiimages/28861/%D0%98%D1%81%D1%83%D1%81%20%D0%A5%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%81.bmp
  • Чудото на Благодатниот оган ...
    - Воскресението Христово – Пасха, пред кое се случува слегувањето на Благодатниот оган, е најголемото случување за христијаните, знак на победата на Спасителот над гревот и смртта и почеток на еден нов свет, искупен и осветен од Господ Исус Христос
    - Веќе две илјади години православните христијани го пречекуваат својот најголем празник – Воскресение Христово (Пасха) во храмот на Господовиот Гроб во Ерусалим. Секој пат сите кои на Пасха биле внатре во храмот или блиску до него, стануваат сведоци на слегувањето на Благодатниот оган (Светлина)
    -
    Благодатниот оган се појавува во храмот од пред две илјади години. Најраните сведоштва за слегувањето на Благодатниот оган во навечерието на Воскресението Христово го наоѓаме кај свети Григориј Ниски, Евсевиј и Силвиј Аквитански (4 век). Кај нив се опишани и поранешните слегувања на Благодатниот оган. Според сведоштвото на апостолите и светите отци, несоздадената Светлина го осветлила Господовиот Гроб набргу пред Воскресението, и тоа го видел апостолот Петар: „Петар виде не само со телесните очи, но и со возвишениот апостолски ум дека Гробот е исполнет со светлина, иако беше ноќ“ читаме кај свети Григориј Ниски. „Петар застана пред Гробот и се ужасна гледајќи светлина во него“, пишува свети Јован Дамаскин.
    http://www.mpc.org.mk/_images/Aktuelnosti/erusalim010520081.jpg
  • http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/35Large-1.jpg?t=1223237979

    http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/49Large-1.jpg?t=1223238609

  1. Велики петок ... Вели петок ... Распети петок ... "Оче, прости им зашто не знаат што прават" ... 17 Април, 2009
  2. Велики Четврток ... 16 Април, 2009
  3. Христос воскресе, навистина воскресе ... 24 Април, 2006
  4. Велигден ... Христос воскресе ... 27 Април, 2008
  5. Велики петок ... 25 Април, 2008
  6. Велика Сабота ... 26 Април, 2008
  7. Скопје Велигден 2008 година ... фото сторија ... 27 Април, 2008
  8. св. Ѓорѓи - Старо Нагоричане ... sv. Đorđi Staro Nagoričane ... св. Ђорђе Старо Нагоричино ... sv. Djorde Staro Nagoricino ... 5 Октомври, 2008 ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter