Search This Blog

Wednesday, May 13, 2009

Златните кокошки ја тужат Македонија ... море ја черупаат ...

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/978Large.jpg?t=1242117433

Во транзиционата приватизација, која се изведе со криминоген закон за приватизација Македонија продаде неколку “златни кокошки“, кои имаа природен монопол. Со купопродажните договори надвор од европската регулатива која забранува монополски позиции на пазарот, купувачите на “златните кокошки“ (Окта, Македонски Телекомуникации, ЕСМ, Цементара) обезбедија нови десетици години монополска позиција на пазарот. Во тие десетици години странските инвеститори бргу си ги вратија почетните инвестиции. Граѓаните на Македонија двапати ги изградија/платија истите монополи.

Повеќе »

Во случајот на ОКТА на двапати плативме мрсни десетици милиони евра утужени казни, кои произлегуваа од клаузулите на договорите. За овие пари кои не мораше да се платат ако се почитуваат договорите никој од надлежните во Македонија не одговараше. Медиумите се заплашувани да пишуваат за овие случаеви. Имавме и тужба во еден од случаевите која заврши со пресуда против човекот кој пишуваше во колумна за приватизацијата на ОКТА.

ЕВН е најновиот случај. ЕВН се заканува дека ке ја тужи Македонија кај меѓународните судови, поточно кај судот во Вашингтон, заради непочитување на купопродажниот договор. Се шпекулира дека тужбата ке тежи милијарда долари/евра. Основа за тужбата на ЕВН е прекршување на Договорот за поттикнување и заштита на инвестициите меѓу Македонија и Австрија, потпишан во 2002-ра. Вакви договори за поттикнување и заштита на инвестициите имаме подпишано со скоро сите држави од ЕУ. Во ваквите договори нашата држава се обврзува дека ке ги подржува странските инвестиции од соодветната земја, дека нема да ги попречува, нема да врши национализација врз таквите инвестиции, нема да се однесува дискриминаторски спрема нив.

Да подсетам за ЕВН дури и Премиерот јавно се изјасни дека е најлошиот странски инвеститор. На седница на Влада се задолжија сите надлежни миистерства да најдат каде ЕВН може да се утужи поради неисполнување на договорните услови. Од сето тоа произлезе и тужбата на ЕЛЕМ кон ЕВН заради неплатените стари долгови. Првостепениот суд пресуди во корист на ЕЛЕМ, што предизвика лавина од реакции на меѓународниот фактор во Македонија. Сето ова се подигна на многу високо државно ниво. Се вмешаа и некои структури на Европската комисија. Неколку амбасади од европските држави во Македонија ја предупредија Македонија дека према ЕВН се однесува некоректно/дискриминаторски. Високи официјални представници на Австрија секојдневно укажуваат дека ке и пружат заштита на ЕВН.

Од друга страна имаме реторика на нашите надлежни представници од ЕЛЕМ дека тие само ги штитат интересите на својата компанија.

Како и да е играта стана многу голема. Во влаог е односот кон странските инвеститори точно во време кога странските инвестиции пресушија.

Настрана од ова, Македонија претисната во барањето на излез од големата финасиска дупка на платнобилансната позиција, поради огромниот дефицит - веројатниот излез ке побара во продажба на уште некоја “златна кокошка“. Овојпат веројатно на пазар ке се дадат некои од хидроелектраните. Најзлатните од златните кокошки кои преостанаа во сопственост на Македонија.

Дали ја научивме лекцијата од досегашната продажба на златните кокошки. Изгледа не.

3 comments:

Anonymous said...

А како „дури и Премиерот јавно“ се има изјаснето за Телекомот?

Anonymous said...

A da reagirase na reakcijata na stranskite ambasadi na koi voopsto ne im e mesto da jadat burek za ovoj ptoblem ....... a toa koj e vo pravo samo sud moze da kaze,jas sepak mislam deka EVN ke go papa i toa debelo,zatoa se buni.....

Anonymous said...

Грујо нели бил сведок од страната на ОКТА во процесот против Република Македонија?

Blog Archive

Site Meter