Search This Blog

Sunday, May 31, 2009

Скоје и Македонија се сиви зони на интернет мапите ...

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/Large.jpg?t=1243762858
Интернет мапа на Македоија, од која ке помислиме дека е во ред интернет мапирањето ...
Македонија одвојува не така мали средства за економската и туристичката промоција во светот. Македонија се представува како напредна земја и во компјутерските и интернет технологиите. Се одвојуваат огромни средства во проекти како компјутер за секое дете во образованието и слични проекти. Македонија се представи како земја со комплетна интернет покриеност.

Од друга страна Македонија е сива зона на интернет мапите. Има премалку содржини на Македонски јазик. Особено малку содржини има на англиски јазик. Македонскиот јазик го нема ни во Гоогле машината за преводи (иако сите околни земји се сврстени во таа машина ...).

Во денешно време никој не оди во земја или територија ако за тоа предходно не се информира на интернет. Патувањата се планираат до детали. Предходно се читаат приказните за краевите што се посетуваат, за нивната историја ... се прегледуваат видеата. Се прелистуваат туристичките понуди. Во тој поглед Македоија е хендикепирана. Посетителот на Скопје на пример кога ке посака на интернет да побара некоја улица во Скопје ке наиде на сива зона на интернет картите. Веројатно на сличен начин и инвеститорите што сакаат да инвестираат се информираат од независни интернет извори каде би вложиле.

Редно е некој во владата и во невладините организации, како и оние луѓе кои се бават со промоција на Македонија - да ја стават Македонија на интернет мапите. Јас би почнал со такво поставување на Гоогле мапите.

Во соседството релативно добро се представени Солун, Софија, Загреб и Љубљана ... Со сличен статус како Скопје се Тирана, Београд, Сарајево, Подгорица ...
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/2Large.jpg?t=1243763047
Интернет мапа на Македонија каде граѓани подигаат фото и видео како и Википедија написи ... за жал сето тоа е на Македонски јазик, Англискиот скоро да го нема ...
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/Large-1.jpg?t=1243763122
Интернет Мапа на Скопје ... се насетува дека Скопје е во сивата зона на интернет представувањето ...
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/2Large-1.jpg?t=1243763181
Благодарејки на граѓаните има по некоја фотка, видео и Википедија напис ...
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/3Small.jpg?t=1243763232
Гоогле мапа на Скопје. На прв поглед изгледа се во ред, се гледаат зградите и улиците ...
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/4Large.jpg?t=1243763301
Колку е големо интернет слепилото за Скопје ке видите од оваа Гогле Мапа ... Скоје и неговиот центар се сива зона ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter