Search This Blog

Thursday, June 11, 2009

Изјава за А1 ... Интернет, блог, содржина ... МИСЛЕЊЕ/СТАВ ...

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/811Large.jpg?t=1244714073
Вчера бев замолен од Утринската програма на „А1“ да дадам изјава во врска со користењето на интернетот како медиум, особено блогот ... дали може на интернет да се најде содржина на која може да се подкрепи информација. Изјавата беше кратка и ке се емитува некој нареден ден во Утринската програма на А1 (за пензионерите :) )...
Повеќе »
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/812Small-3.jpg?t=1244714119
Тука сакам да го запишам она што кажав на темата:
  • Интернетот станува секој ден се поголема „Александриса библиотека“. На него пред се можеш да се информираш особено ако имаш добро познавање на англиски јазик ...
  • Никој веќе не излегува од дома пред на интернет да провери какво ке биде времето ...
  • Многумина се информираат за локалните културни случувања на интернет ...
  • Осем за информации, блогот како медиум е заслужен за содржини од независни извори - блогот служи за да прочиташ лично МИСЛЕЊЕ/СТАВ ...
  • Информациите на интернет мора да се земаат со доза на испитувачки став - бидејки е возможно на иста тема да прочиташ повеќе статии и мислења и така вкртувајки ги да створиш свое мислење ... Ова особено е овозможено со пребарување на клучни зборови на темата и следење на линковите кои се даваат во написите ...
  • Запрашан бев за бројот на блоговите во Македонија ... на мислење сум дека на сите платформи активни блогери има едвај стотина ...
  • Видлива е тенденцијата блогери на кои блогот им е забава и можност за дружење да бегаат на социјалните мрежи - особено на Фејсбук ...
  • Во случајот на мојот блог анализирајки ја посетеноста - видливо е се поголемо процентуалното учество на посетители кои доѓаат преку интернет пребарувачи ... шеесетина проценти од евидентираните кликови ...

1 comment:

Anonymous said...

So be batka,umre cigankata sto te falese ............ se salam.

Blog Archive

Site Meter