Search This Blog

Tuesday, June 16, 2009

Лет во место на политичките и економските процеси во МК ... Градиме - разградувајки, стооејки во место, враќајки се наназад ...

Безмалку 20 години од распадот на минатиот систем на ЈУ држава - Македонија го чекори својот пат на самостојна држава. Дваесет години се голем период, време кога можеме да видиме дали сме оделе напред како што сме планирале, дали сме стоеле во место или можеби сме се враќале наназад.
  • Некогашното дете од тој период сега е момак/девојка во полна сила (пред одлука за свое семејство за свои деца).
  • Некогашниот момак/девојка кои во тоа време беа пред одлуки за свое семејство и за свои деца - сега треба да имаат свои деца кои се пред полнолетство ...
  • Некогашните средновечни луѓе сега се пензионери.
  • Некогашните пезнзионери сега или веќе ги нема или се во крајната зима на својот живот.

Повеќе »

Време е да се направат некои пресеци и паралели - каде бевме, каде имавме план да бидеме а каде сме сега. Ни оди ли работата на напред или стоиме во место ... може ли да се рече дека се враќаме наназад. Оценки за ова може да бидат песимистички оптимистички и реални.

  • Оптимистот ке Ви каже дека Македонецот има своја држава и го гради својот идентитет, има своја војска и полиција и ја гради својата слобода, има своја култура и ја негува. Оптимистот ке сака да ги сокрие лошите резултати во економијата и зголемувањето на невработеноста и сиромаштијата. Назадување во демократксите процеси кои отидоа во бирократизација и партизација на деловните активности.
  • Песимистот ке Ви каже дека порано беше подобро, луѓето работеа, имаше здравство и школство за сите ... шансите за успех беа порамномправни и не зависеа толку од социјалниот статус на твоите родители ...
  • Реалисти - такви денеска не постојат. Има само црно/бела слика ... реалистите си го товарат магарето и во минатиот во сегашнит систем.
За правилна оценка дали сега во просек ни е подобро или полошо ни треба анализа на бројки. Бројки на БТП-то тогаш и сега. Бројки на вработеноста тогаш и сега. Бројки на сиромаштијата тогаш и сега. Бројки за економската состојба и перспектива тогаш и сега. Ни треба компаративна анализа каде бевме ние тогаш каде сме сега. Како се движеа истите процеси кај најблиските комшии ... До бројките тешко се доаѓа - нив ги контролираат партиите на власт и ги прилагодуваат на својата вистина. Можам да го понудам само моето мислење и гледање:
  • Македонија по осамостојувањето се втурна во процес на изолација ... всушност во процес на самоизолација, тешките одлуки ни се оставаат сами да ги решиме. Ни беше наметнат визен режим, кој не втурна да се јадеме тука во нашите граници.
  • Македонија беше втурната во воените виори на распадот на ЈУ. Во такаанаречената „Оаза на мирот“ се внесоа воени вихори кои потрошија големи ресурси кои можеа да се употребат за развој на економијата и подобрувањето на животот ... Големите пари од првичната приватизација се потрошија во воените виори во Македонија. Шансата за економски развој пропадна во неврат поради желбата за голема национална држава на мнозинството. Малку ни беше оваа територија и излеговме со картите за голема Македонија и паролите “Солун е наш“ ...
  • Македонија го менуваше својот устав - пречесто. Уставната рамка се прилагодуваше на желбите на еднно национално малцинство кое заради тоа поведе војна. Фингирана или нефингирана сеедно - тоа беше војна, се убиваше во името на народот и се палеа куќи и имоти. Уставот се менуваше и заради прилагодување со спорот со Грција.
  • Наместо со програми за економски просперитет за народот на избори се одеше со национални до националистички платформи ...
  • Се менуваа и сите закони каде се намалуваа правата на работничката класа а се зголемуваа правата на сопствениците и работодавачите. Се зголемуваше казнената политика (Македонска плата европски казни). Целта беше демек да се овозможат инвестиции од странство. Но наместо нови инвестиции имавме само неколку продажби на веќе постоечки монополи кои иако беа златни економски кокошки ги продадовме а на новите сопственици им овозмживме монополска позиција - која тие ја искористија брзо да ги вратат парите вложени за да ги купат монополите. Македонецот двапати ги изгради тие монополи.
  • Се направи трансформација на сопственоста. Приватизација која ги разруши сите големи стопански системи кои вработуваа 5 до 10 иљади вработени па и повеќе. Во тој процес на приватизација се родија нови скоро 100 иљади нови невработени - кои веќе никојпат не можеа повторно да се вработат. Се створи нов слој таканаречени “стечајци“ ...
  • Во почетокот дел од нив најдоа работа преку самовработување но тоа траеше само неколку години. Брзо потоа новите сопственици преку партиите на власт издејствуваа мерки кои овозможија да се затворат маливе фамилијарни компании. Притисокот на големите давачки кон државата не може да го издржат малите фирми и тие се затвараат - истовремено пропаѓаа и заштедите на граѓаните кои вложуваа свои пари за да се самовработат.
  • Големите земјоделски комбинати пропаднаа. Нивите останаа необработени. Системите за наводнивање се распаѓаа.
  • Рудниците се затвараа еден по еден.
  • Единствено успешно беше градењето на ситем на партијска администрација на двете најголеми партии кои се менуваа овие години на власт. Од 40/50 иљади вработени во администрацијата сега имаме 120/140 иљадна администрација.
  • Наместо приватизација сега имаме видлив процес на подржавување на државата и градење на каобожемски систем кој ја штити приватната иницијатива. Државните компании управувани преку министерствата, локалната самоуправа и јавните претпријатија се јамката околу вратот на македонската држава.
  • Војска сега такаречи немаме, осем неколку иљади луѓе кои ги спремаме и сами ги плаќаме да вршат воени мисии во странство.
  • Од таканаречената народна полиција сега имаме полиција која ја штити партијата на власт и нивната врхушка.
  • Партијата на власт ги запоседнува сите паралелни системи на власта и се интересира само да се полни буџетот - истовремно овозможувајки преку систем на привилегирани тендери да ствара своја олигархија која треба да ги финасира наредните избори.
  • Странски инвестиции доаѓаат само до потпишување на писма за намери кои се прикажуваат како врвни успеси преку моќната машинерија на државната кампања во медиумите
  • Медиумите тотално станаа зависни од партие за рекламирање на владини проекти.
  • Демократските процеси се уназадени. Направен е систем кој одговара само да двете најголеми партии кои се менуваат по системот на Курто и Мурто.
  • Македонецот единствена шанса гледа во бегањето од својата држава за да најде работа за себе и егзистенција на фамилијата.
  • Јас како индивидува давам лоша оценка на транзицијата и моментално немам верба во двете поголеми партии ... тие веќе неколкупати имаа шанса да покажат што знаат - не ја искористија. Македонија нема стратегија за развој на економските процеси. Имаме само затварање во кругот на својот национализам кој не влече и не враќа назад во историјата. За жал од историја не се живее - колку таа да е важна.

No comments:

Blog Archive

Site Meter