Search This Blog

Wednesday, August 05, 2009

Боцевски - ни на небо ни на земја ...

http://img225.imageshack.us/img225/9052/skopjetajms5gs.jpg

Чинам дека Боцевски деновиве така се осеќа. Гледам се вратил во Македонија по подолгиот одмор. Новинарите желни за неговата исповед почнаа дрско и на врата да му тропаат. Боцевски упорно сеуште молчи, не му е дојдено времето за исповед ...
Повеќе »
Година дена има на располагање платено од народот да се прибере и продолжи понатаму. Кој пат ке го избере знае самиот. Веројатно ке го искористи периодот меѓу другото да поработи на комплетирање и докторирање на некоја теза, па понатака како и многу други да заплови во мирните професорски води на еден од сега веќе многуте домашни универзитети. Тој стекна име и реноме да биде баран и посакуван на некој од нив. За чудо не се најде на листата на дипломатите, што значи дека со довчерашниот шеф е скар.

Веројатно ке ја афирмира и обнови колумната, а зошто не и блогот „The Skopje Times“ - кој го замрзна на 13 Март 2007. Од поделните линкови може да се види дека Боцевски не можеше предолго да издржи во матрицата на Груевски ... Партијските стеги од друга страна веројатно за Боцевски се неподносливи. Тој не беше омилен во СДСМ затоа што иако одтаму поникна во еден момент избега - а пак во ВмроДпмне беше гледан како страно тело кое зафаќа простор на некој од кадрите во партијата ...
Интересно е да се види колку политичарите се популарно во медиумите од врвните спортисти да речеме. Ако индексирате на интернет Боцевски кој беше врвен политичар последните неколку години - но со исто презиме имаме и врвен спостист на нашата машка кошарка ... ке добиете резултат 30 према еден во корист на Боцевски политичарот.

No comments:

Blog Archive

Site Meter