Search This Blog

Tuesday, August 18, 2009

Враќање на напуштеното, непотребното ... Служба за крупен смет ... Програмата не е устав, за да не се менува ...

Честопати сме сведоци дека имаме желба да се вратиме на напуштеното, кое заради одредена причина е ставено во заборав на нашата меморија. Некакво решение кое некогаш функционирало заради носталгија или незнам што го враќаме во сегашното време наново - ако треба и на сила ...
Повеќе »
Оваа година дојде време да кречам по дома. Се одлучив со кречењето да ја празнам просторијата која се кречи со се од неа и во неа да враќам само она што навистина го употребувам, Независно дали е тоа облека или некој друг предмет кој некојпат сум го употребувал. Пронаоѓав предмети кои се сосема исправни, пример електрична мелница за кафе, некој миксер на кого му прошло времето но работеше, неколку телефонски апарати кои работат ама нема место за нив сега. Се одлучив по принципот се што не е во употреба повеќе од три години да оди или во контејнер или на листа за подарување на оние на кои им е потребен тој предмет или облека. Не не фрлав се - спомените не се фрлаат. Примерно сеуште го чувам првиот толчник за пиперки кој го правел таткоми за неговото прво домаќинство, го чувам стариот столарски алат на таткоми, некои плетени работи од мајките ни, го чувам звоникот за крупен добиток којго пронајдов во дворот на деноми ... чувам фотографии, записи ...
  • Дел од облеката спакував и чекам да се видам со тие луѓе за да ги прашам дали им е потребена ... дел од облеката отиде во контејнер ... дел спакував во кутии и ке ги носам во мојот роден крај да ги подарам на некоја сиромаштија ... истото се случи и со многуте кондури што летни што зимски ... се насобрале цел еден регал беше полн со нив.
  • Правевме некој размештај на намештајот - испадна дека еден дел и тој е вишок. Се прашував како да се ослободам од него. Повикав дваица луѓе од „службата“ старо купујем - но залудно земаа само она што беше од метал за останатото немаа интерес. Се прашував како легално да се ослободам од еден кревет да речеме кој е сеуште во функција но ете немаме потреба од него, од два душека кои ги сменивме ... Знам дека вакви предмети во европските и светските градови се оставаат на одреден ден во месецот на обележени места. Поминуваат заинтересирани граѓани и ги прибираат за своето домаќинство - она што при крајот на денот ке остане го собира служба за крупен смет. Кај нас такво нешто нема. Луѓето имаат проблем да ги одстранат бидејки нема места каде може да се одложат - така е и со шутот од градежните интервенции. Така се ствараат мали депонии низ градот кои потоа стануваат големи. Зарем на ниеден градски татко општински или оној градскиот не му текнува на неколку места во градот во текот на летото еднаш месечно да се дозволи легално одлагање на вакви крупни предмети од домаќинството и градежниот шут.
  • Но тие имаат поважна работа во своите програми ... сечат столетни дрвореди по Скопје и чекаат соодветно време да го направат стариот сат да пропее ... да ги вратат двоспратните кои еднаш сме ги напуштиле ...
Пропадна вториот или третиот тендер за двоспратни автобуси (чинам дека сега причината беше немање на пари во буџетот) ... имаше и скандал со последниот тендер кој се заташка со неговото поништување. Но, поважно за ваква крупна јавна набавка е да се изанализира зошто некојпат се напуштени двоспратните автобуси не само кај нас туку и во повеќето светски метрополи каде што биле во функција. Веројатната причина е дека не се економски исплатливи за да ја завршат работата и не одговараат нашите патни правци. Носталгично се оставени по неколку примероци за туристичка промоција во текот на летото. Такви причини наведуваше стариот градоначелник кој беше за варијантна на зглобни автобуси и за транвај како долгорочно решение. Новиот градоначалник на Скопје тотално го потигна проектот транвај по страна - иако му е во програмата.

Прашање кое заслужува вниманите е зошто некој сосила ги натрапува двократните автобуси, кои еднашка се напуштени. Зарем само заради тоа што некој ги ставил во партијската изборна програма на ВмроДпмне ... Програмата не е устав, за да не се менува ... Враќањето на традициите е уште едната причина за ваков потег. Кога сме кај превозот некојпат низ Скопје највеќе имало превоз со пајтони ... си велам - добро е кога не му текна на некого да ги врати пајтоните како изворна традиција за Скопје.

No comments:

Blog Archive

Site Meter