Search This Blog

Saturday, August 01, 2009

Македонски Археолошки Весник ... Macedonian Arheological News



Македонски Археолошки Весник ... Македонска верзија
Повеќе »


Macedonian Arheological News - англиска верзија

Ете и тоа се случи - МК археолози еднаш месечно на интернет да објавуваат кратки стории за најновите наоди од бројните архео истражувања: Критиките на јавноста вродија со плод и сегашната МК археолошка управа на чело со Паско Кузман реши да не почести нас и светот со најнови вести од невната работа - за која граѓаните во неколкуте последни години двојат не мали средства од даноците.

Сајтот не е инпресивен - замислен е да ја даде само првата вест со најосновните податоци на експресивните наоди кои се откривааат во тековните ископувања. Правото за објавување на пошироки сознаниеја е оставено на археологот кој го врши ископувањето. Досега во законот не беше прецизно назначено колку години (беше оставено предолго време ...) треба да поминат од ископувањето за да искочи научниот труд на археологот. Затоа имавме ситуации да имаме значајни ископувања но без никакво сознание што е откриено.

Мене лично ми смеќава што има премалку и премали слики од наодите. Како и премалку објаснувања кое е значението на таквиот наод ... каде на друго место имаме слични наоди ... Некои го критикуваат англискиот текст дека бил лош превод ... некои велат дека сајтот е со прескромна графика ... но најважно од се е дека тој ПОСТОИ. Болест на сите наши сајтови од државната управа е што по неколкуте први полнења се забораваат - НЕМА КОНТИНУИТЕТ на надополнување со свежи и нови содржини.

Овој сајт силно може да ја раздвижи археолошката фела во правец на утакмица кој порано, побрзо, поквалитетно ке извести за своето ископување - за да може граѓанинот и светската научна јавност да дознаат што тоа има во МК 4485 археолошки локалитети од сите историски периоди ...

Првпат кога вчера го отворив сајтот тој не фунционираше исправно. Многу линкови и слики беа неисправно поставени. Некои од сликите не можеа да се видат. Малку се разочарав и оставив сајтот да преспие за да не го засипам на почетокот со премногу критика.

Првиот месечен број на овој Македонски Археолошки Весник - содржи неколку актуелни теми за најновите артоа истражувања:
  • Кон првиот број, Паско Кузман ... ќе ги промовираат културните и археолошките вредности, еднаш месечно од сега натаму преку ова електронско гласило ќе помогнеме со светлостите на нашето македонско минато, да осветлуваме и делови од светската иднина.
  • Значајно археолошко откритие кај Горна Порта во Охрид, Паско Кузман ... беа откриени остатоци од инхумирана млада женска покојничка (зачуван е дел од черепот и заби) како и многубројни прилози од злато, сребро, бронза, килибар и керамика. Особено е впечатлива гарнитурата на предмети од златна фолија, сите истоветно орнаментирани со поврзани осмици (сврзани концентрични кругови со калотна пластична изведба во средишниот дел). Златната фолија во вид на очила била сигурно поставена преку очите од покојничката, златната ромбоидна плочка преку устата на покојничката, големата дискоидна плочка украсена со розета сигурно го покривала делот од телото кај срцето, а златниот колан (долг 40 см) го покривал делот на телото од градите до папокот. Сите овие предмети имале ритуална маскирна функција преку лицето и горниот дел од телото. Покрај овие ритуални предмети откриени се две златни обетки со пирамидални гранулирани висулци кај главата, четири бронзени и сребрени белезии со змиски глави кај рацете, две бронзени спираловидни белезии кај нозете, долг сребрен синџир со украсени завршетоци, еден украсен стаклен амфориск меѓу синџирот, една двојна сребрена омега игла, перли од килибар за ѓердан украсени со паралелни жлебови, големи аморфни килибарни предмети и др.
    Според сите показатели, хронолошката припадност на ова погребување се определува во првата половина од V век пред Хр. ера, односно во времето на владеењето на Александар I Филхелен (498 - 454 год. Пред Хр. ера).
    http://www.mav.mk/images/issues/2009-08/original/ohrid-gorna-porta-(1).jpg
  • Археолошки локалитет Исар Mарвинци - златен накит, Златко Видевски ...
    Со истражувањата се добија податоци за погребувањето од раното железно време до периодот на римското владеење на нашата територија.
    Овде посебно ќе се задржиме на една категорија на наоди - накит и тоа посебно накит изработен од злато, како врв на уметноста и занаетчиската умешност на населението на Исарот.
    Хронолошки откриениот накит го сместуваме во периодот од IV до II век п.н.е
    http://www.mav.mk/images/issues/2009-08/original/isar-marvinci-(4).jpg
  • Археолошки локалитет Стоби, Силвана Блажевска ... Статуа на Афродита, во природна големина, изработена од бел ситнозрнест мермер, полирана, со висок сјај. Торзото е целосно зачувано, како и трапезоидниот постамент со дел од натписот, двете стапала и дел од драперијата. Недостасуваат главата, нозете, поголем дел од левата рака, а од десната, дел од подлактицата и дланката. ... ...

    Голата Афродита од Стоби стилски припаѓа на широко распространетите копии во римскиот период, на класичните оригинали на Афродита Книдска, Афродита Пудика или Анадиомена.
    - Место на откривање: Стоби, Градба со лакови (работен наслов Римски форум).

    http://www.mav.mk/images/issues/2009-08/original/stobi-(1).jpg
  • Гроб со теракоти (Гроб бр. 2226) ... Во гробот се откриени 115 теракотни фигурини, керамични садови, бронзени монети и ашици. Меѓу теракотните фигурини со претстави на божества, животни и комедијанти можат да се издвојат 11 различни типови, некои од нив застапени со повеќе варијанти и примероци. ... Керамичните садови, вообичаени дарови во Западната некропола во Стоби, се типични форми за доцниот I век пред Христа ... - Место на откривање: Стоби, Западна некропола, Необјавен.
    - Датирање: последната четвртина на I век пред Христа. ...http://www.mav.mk/images/issues/2009-08/original/stobi-(4).jpg
  • Имаме и неколку таканаречени кратки вести од неколку други архео локалитети како:
  • Билазора ... ... . http://www.mav.mk/images/issues/2009-08/original/bilazora-(1).jpg
  • Хераклеја Линкестис - Битола ... ... .... ... . http://www.mav.mk/images/issues/2009-08/original/heraklea-(2).jpg
  • Скопска тврдина – Кале .... .http://www.mav.mk/images/issues/2009-08/original/skopsko-kale.jpg
  • Значајна е листата на линкови:
  • Управа за заштита на културното наследство
  • Институт Евро-Балкан
  • Министерство за култура на Република Македонија
  • Музеј на Македонија
  • Музеј на Град Скопје
  • Археолошки локалитет Тумба Маџари
  • Археолошки локалитет Вардарски Рид
  • Археолошки локалитет Скопска тврдина Кале
  • Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Битола
  • Национален конзерваторски центар – Скопје
  • Македонска академија на науките и уметностите
  • Филозофски факултет – Скопје, Катедра за историја на уметноста и археологија
  • Macedonia Timeless

  • Редакција:

  • Паско Кузман, Главен и одговорен уредник
  • Елизабета Димитрова, член
  • Кристина Бицева, член
  • Ивана Крајчиновиќ, Секретар
  • Саша Крстевски, Технички уредник
Со среќа - ке ви треба а уште повеќе упорност и истрајност во издавањето на овој значен електронски весник.

1 comment:

Anonymous said...

порно видео бесплатно xxx
porn children
секс курганинск
лив кристин секси
секс участников проекта дом2
сайт порево ру
прага секс
телки питера
скачать ххх видео ролики бесплатно
порно фото предосмотр

Blog Archive

Site Meter