Search This Blog

Wednesday, September 02, 2009

За локални избори право на двоен глас - по место на живеење и раѓање ...

Вчера собранието ги изгласа измените на Изборниот законик - иселениците да гласаат три пратеници во три изборни единици една за Европа и Африка, за Северна и Јужна Америка и за Австралија и Азија. Истотака ке можат рамноправно да гласаат и за избор на Претседател на Македонија. Со тоа ВмроДпмне исполни уште едно ветување од својата програма. И самиот мислам дека иселениците беа неправилно запоставени во изборните процеси бидејки тие се значааен коректив за нашата економија, не заради тоа што се занчајни инвеститори или пак донатори, туку заради тоа што од нив годишно во нашиот буѓет се влеваат скоро милијарда долари - со чија помош државата ја пегла негативната платнобилансна позиција. Таа една милијарда годишен прилив од иселениците се ГРАНТ на нашата економија. Иселениците тие пари ги употребуваат за помош на своите роднини кои останале на родната грутка или градат куќи и мали и поголеми имоти во своето родно место. Повеќе » .....

За локалните избори право на глас имаат само жителите на општините. Треба да се размисли и да се усвои предлог за промена на изборниот закон во делот за локалните избори. Имено предлагам право на глас за локалните избори да имаат и граѓаните кои се родени во општината ... сеедно дали се сега во некоја друга општина во Македонија или се пак иселени. Со ова практично ке се овозможи да не се прекине нитката на луѓето со своето родно место. Од искуство знам дека луѓето повеќе го сакаат своето родно место одколку своето моментално место на живеење. Тука треба да се додадат и луѓето кои имаат имот во локалната општина - сеедно дали е тоа викендица или е одреден стопански објект ... Во случајот некои граѓани ке имаат двојно и тројно право на гласање - што не би требало да биде проблем, туку придобивка, бидејки така ке се искористи големиот интерес на одселените и на новојдојдените (викендашите ...) кои голем период од времето го минуваат во своите викендици. Така ке се заинтересираат пензионерите во поголем број да се враќаат во своето родно место или да градат викендици т.е. да купуваат станови/апартмани во познатите туристички населби. Така скопјани кои имаат викендици по Охрид или Маврово да речеме нема веќе да бидат туѓинци, што и не се бидејки имаат вложено голем капитал во односниот град т.е. општина ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter