Search This Blog

Friday, October 30, 2009

Самовработување - економски и психолошки аспекти ...

Темата вработување т.е. самовработување е пред се економски проблем. Тони книги се испишани за таа тема, пред се од економисти иако за неа се изјаснувале и психолози. Во нормални периоди кога не владее рецесија и економска криза тековите на вработување и самовработување одат сами по себе, особено во либералните економии и во економиите кои се со ниски стапки на даночни оптеретувања.         Повеќе ».....

Во нашиот случај на затворена мала економија каде државата секојдневно измислува сем основните даноци иљадници нови оперетувања (по обем никој не ги мери), оној кој сака да почне легален мал или голем бизнис едноставно се судрува со проблем дека не му тргнува. Минатата година на сите даночни оптеретувања државата изгласа закон дека сите мали бизниси (фирми) доколку не го поминат прагот на одредена големина на бизнисот - мораат да платат данок на вкупен промет од 3 проценти, без разлика дали оствариле позитивен или негативен финасиски разултат. Јас не познавам ваков закон (Данок на вкупен приход) во ниедна светска еконоија. Ова представуваше крај на маките на деситици иљади пред се мали фирми во кои луѓето најчесто се самовработуваа. Темата е апсолвирана во неколку подолунаведени линкови.

Започнување на било каков нов бизнис без свеж капитал од 4 до 5 иљади ивра по работно место е илузија. Легално затварање на пропаднат бизнис се додатни 800 евра. Затоа луѓето на пазарот на работна сила го продаваат само својот труд и стекнатите знаења - сеедно дали е стекнат во школскиот систем или во предходното работење (минат труд).

Во економијата има една наука која се бави со теорија на трудот (работната сила). Во неа меѓу другото се вели дека луѓето по природа (по нивната психологија...) сакаат да бидат командувани и на иљаду луѓе само 20 се способни да бидат организатори на работата. Сите останати 980 луѓе се зависни од тие 20, од нивната предпиемливост и санаодливост - во поново време сето тоа се означува и поврзува со поимот менаџерство.

Сигурно сте прочитале некаде дека дури и во Јапан кога ке пропадне некоја фирма (замислите дури и таму пропаѓаат фирми), луѓето кои се таму вработени со судни маки наоѓаат работа во други компании и тоа во држава каде практички нема невработен. Само во Јапан над 80 процети од луѓето се со само едно вработување во иста фирма. Во сите останати економии важи правилото дека луѓето во текот на својот животен работен век во просек осумпати менуваат работно место (во различни фирми) а трипати менуваат професија, дваипол пати го менуваат дури и градот во кој живеат. Како последица од сето тоа само десет проценти од луѓето умираат во местото каде што се родени ...

Од друга страна нашата “бејби“ влада се бави само со делот како да го прибере буџетот и уште повеќе како да го потроши ... сега кога е криза наместо да ги кастри непродуктивните трошења таа ги скастри таканаречените инвестициони буџетски трошења кои требаше да ја заживуваат економијата, да створат нови работни места ...

Дури деновиве статистиката почнува да вели дека се зголемила невработеноста за десет проценти !!. Верувам повторно ке падне некоја глава во статистиката - нивната задача не е да ги даваат реалните бројки туку да ги штимаат. Се штимаше дури и последниот попис каде мораше да се дојде до бројка на задоволителен процент на албанска популација ... Бројот на невработени најлесно се штимува ако се избрише одреден број на невработени. Затоа јас секојпат барам да се споредува бројот на вработените кои примаат редовна плата. Само тие се вистински еконоски показател за состојбата со запосленоста на работната сила ...

Има една друга работа - сите транзициони влади и политичари додека се борат за власт на избори полни им се устите со програми за стварање на нови работни места ... Откога ке дојдат на власт сите го вртат листот и плочата. Новата дефиниција е дека во капиталистичко општество секој сам треба да си пронајде работа (прв кој ова го изјави во транзициона Македонија е Киро Глигоров) - а тие (власта и владата) се должни да го ствараат само абиентот на пазарот, кој всушност треба да биде слободен пазар од либерален модел. Имаме ли ние слободен пазар од либерален модел со ниски даночни и севкупни оптеретувања ??

Е тука е главниот проблем. Никој до сега не ги цени резултатите на владеењето на владите по нивните економски резултати - туку главна одредница на гласачите во неколку последователни избори е одредувањето по крупните национални прашања ... Се додека гласачот не гласа според состојбата на неголвиот стомак - нема да ни тргне ...

Сега се прашува ли некој зошто нашиот човек лесно се вработува во странските економии а кај нас неможе. Тука во овој неоспорен факт треба да се бара крахот на нашата економија која неможе да ја апсорбира расположивата работна сила. Проблемот према мене е во преголемите давачки кон државата, пред се и во распоредот на националниот доход т.е. преголемите непродуктивни трошења на државниот апарат. Најлошо од се е дека таквите неуспеси не се казниво дело за неуспешните менаџери во државните институции.

Постот е продолжеток на двата предходни написа:
  1. Еден ден “магарето(народот) што власта го учи да не јаде“ - ке мора да цркне ... или ...
  2. Власта не ги брои “магарињата“кои деновиве изумреа ...
Постари постови на слична тема :

No comments:

Blog Archive

Site Meter