Search This Blog

Monday, December 21, 2009

Годишна археолошка изложба 2009-та

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/19Large-2.jpg?t=1230511214 http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/1Large-4.jpg?t=1230508614
1. Фрагменти од Годишна археолошка изложба за 2008-та, организирама нво Музејот на Македонија ...         Повеќе ».....


И оваа година ке се продолжи со добрата традиција на представување на археолошките артефакти со годишна изложба во Музејот на Македонија. Овојпат ке бидат представени артефакти од 18 археолокалитети. Изложбата ке биде традиционално отворена пред Нова година и ке траае до крајот на март 2010. За оваа цел ке бидат исполнети три сали од Музејот на Македонија.
  • Златниот накит и посмртните украси, кои летово беа откриени кај Горна Порта во Охрид, ќе бидат изложени на големата археолошка изложба ...
  • Ќе бидат претставени наодите од сите капитални истражувања што се одвиваа годинава, значи од Исар - Марвинци, 
  • од Плаошник и Самоиловата тврдина, 
  • од Стоби, 
  • скопската тврдина, 
  • виничкото кале, 
  • Баргала, Исар - 
  • Штип, 
  • Стибера, 
  • Хераклеја Линкестис и други
  • но изложбата особено внимание ќе посвети на наодите од Исар - Марвинци. ... Во годинашниве истражувања на овој локалитет, поради своето богатство и достапност можеби најизложен досега на диви ископувања, се откриени драгоцени наоди и на железнодопската и во римската некропола. Стели, надгробни плочи, посмртна ритуална опрема, керамички предмети, накит, оружје, садови се само дел од богатите наоди од Исар - Марвинци. Особено вредни се, сепак, керамичките луксузни садови со црвено фигурално сликарство. Тие, како што велат археолозите, се показ дека населението што живеело во овој град било богато, високоцивилизирано и веројатно го предводело развојот во целиот регион.
  •  
  • http://www.novamakedonija.com.mk/Uploads/News/isar.jpg
Во продолжение ке ви представам некои мои написи кои произлегоа од минатата година.
  1. Музејот на Македонија - годишна археолошка изложба 2008-ма ... фото сторија,
    http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/7Large-5.jpg?t=1230509310 http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/28Large-1.jpg?t=1230511844
  2.  Исар Марвинци ...Некрополите кај Марвинци - Валандовско ... The Necropolises  ...,
    http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Marvinci1Large.jpg http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Marvinci14Large.jpg
  3.  Вардарски Рид - Гевгелија ... Vardarski Rid - Gevgelija …
    ,
      http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/VardarskiRid4Large.jpg?t=1231962243 http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/VardarskiRid7Large.jpg?t=1231962825
  4. Виничко Кале - Виница ... Теракотни икони ... Viničko Kale - Vinica ... Terakotni ikoni
    ...,
    http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/911Large.jpg?t=1237909841 http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/914Large.jpg?t=1237909933
Еве неколку написи за минатогодишниета архео истражувања од интернет археолошкиот весник на Македонија:
  • Куќата на колекционерот од Вардарски Рид. ... Една од најубавите и најинтересни примероци на куќи за живеење на локалитетот Вардарски Рид претставува т.н. Куќа на колекционерот, откриена во средишниот дел на секторот Источна тераса ...
  • Македонски тип гробница од Старо Бонче. ... Станува збор за гробница од македонски тип, која според архитектонската концепција е единствена. Составена е од отворен дромос вклесан во карпа кој во вид на рампа се спушта во гробницата; потоа следува засводениот дел од дромосот со должина од 11 метри и висина од 3 метри. ...
  • Гробница Македонски Тип во Варош - Охрид. ... Се наоѓа во стариот дел на градот Охрид, во источното подножје од повисокиот охридски рид, на десеттина метри западно од античкиот театар и улицата “Браќа Миладиновци”. Архитектонскиот склоп е типичен за македонските гробници од раноантичкиот и македонско - хеленистичкиот период. ...
  • Кастелот kај Пчиња. ... Кастелот кај реката Пчиња се наоѓа на 26 км југоисточно од главниот град Скопје и е на автопатот Скопје - Солун. ... Околу 3500 год. пред Христа безимените жители на минорната населба биле принудени да подигнуваат палисади како би се заштитиле од освојувачите кои доаѓале од север. Дали земјоделците и козарите крај Пчиња биле од племињата на Бригите, или биле културно слични на нив, стои како нечитлива историска страница. ...
  • Монашка населба - “Св. Преображение”, с.Зрзе. ... Културниот комплекс “Св. Преображение” се наоѓа 35 км северозападно од Прилеп и го опфаќа централниот дел на една заокружена биографска целост западно од селото Зрзе. Во средиштето на овој микрорегион е лоцирана пространа бигорна карпа врз чија горна површина е изграден средновековен манастирски комплекс со црква посветена на Св. Преображение. ...
  • Црвенофигурална сликана керамика – Исар Марвинци (истражувања 2009 год.).

No comments:

Blog Archive

Site Meter