Search This Blog

Wednesday, December 09, 2009

Ке се возновува ли Црква на скопското Кале ?

http://www.kanal5.com.mk/pictures/upload/vesti/WESTIII/kale_crkva_230_180.jpg
Канал 5 најави дека Управата за заштита на културното наследство за идната година планира реставрирање на средновековната црква од 14-тиот век чии темели и олтар беа ископани на Калето. Тука види го написот на Канал 5 и видеото.         Повеќе ».....
  • ... за таа црква би се потрошиле околу милион евра и во нејзината повторна изградба би учествувала и Македонската православна црква. Иако не е откриено како се викала црквата и кој ја изградил имало предлози таа да се нарече Јустинијана по римскиот император со потекло од Скопје и покрај тоа што е изградена 10 века подоцна. На местото каде што била црквата е пронајдена една плоча со имиња, но не е утврдено дали тие биле ктиторите на средновековното светилиште. Откриени се остатоци од уште еден христијански храм на Кале- но не се испитани за времето на изградбата.
    Црквата на Кале ги подгреа шпекулациите дека со неа ќе се компензираат желбите на државниот и црковниот врв за новата црква на плоштадот. Наместо на централниот скопски сквер ...
По оваа најава имавме демант од Директорот на Управата за културно и историско наследство Паско Кузман: Нема обновување на црква на Кале ...
Еве ги моите претходни сознанија за неколкуте цркви на Скопското Кале. Имено за ова неколкупати пишував на мојот блог.
  • Според средновековните извори, но и оние од подоцнежниот период, на скопското Кале се наоѓале три цркви:
  • Св.Богородица Троручица каде што бил крунисан царот Душан и објавен душановиот законик;
  • Св.Прокопиј - заштитникот од замјотреси; и
  • Св.Јован Крстител - активна црква се до 17 век која важела за соборен храм во градот.
Досега ниту една од трите цркви не беше точно убицирана на теренот. Истите, најверојатно, датираат од крајот на 13 и почетокот на 14 век.

Ова го констатира кибицер ... Епохално откритие на скопско Кале ... од 23 Април, 2007, кога заедно шетајки низ археолошките ископувањата на скопското Кале со свои очи ги видовме деловите од фреските кои истиот ден ги гледаше и духовното водство на МПЦ. Настанот со свој напис го проследи уште еден блогер ОТКОПАНИ ПРВИТЕ ФРЕСКИ НА СКОПСКОТО КАЛЕ од PARADISE CITY… на 8 Мај, 2007.
http://istoricar.blog.com.mk/system/files?file=2_137.jpg
На местото обележано со црн круг беше локацијата на пронајдените фрески, до еден периферен зид каде веројатно по корнењето на фреските од блиската црква се складирал шутот
  • КАЛЕ - Црквата конечно на светло на денот
    На Скопското кале од историски извори се знае дека во поширокиот комплекс на Долен и Горен град постоеле четири цркви ... тоа го тврди и архелогот во пензија Проф. Иван Микулчиќ ... Ова го кажа во свој пост и Кибицерот ... Епохално откритие на скопско Кале ...

    - Според средновековните извори, но и оние од подоцнежниот период, на скопското Кале се наоѓале три цркви:
    1. Св.Богородица Троручица каде што бил крунисан царот Душан и објавен душановиот законик;
    2. Св.Прокопиј - заштитникот од замјотреси; и
    3. Св.Јован Крстител - активна црква се до 17 век која важела за соборен храм во градот.
    - Досега ниту една од трите цркви не беше точно убицирана на теренот. Истите, најверојатно, датираат од крајот на 13 и почетокот на 14 век.
    * Четвртата црква според Проф. Микулчиќ е пештерска црква која најверојатно се наоѓала под западниот бедем – од кој стрмо се спушта литица (природен бедем...). Во Литицата и денеска можат да се забележат полупештери ...

    Возбудата дека е на повидок откритие на една од црквите порасна кога случајно до еден зид (во близината на округлиот бедем ...) на 20-ти Април оваа година се открија повеќе парчиња од фрески .. од кои три беа поголеми ... Очито тоа беше знак дека во близината има црква - а дека фреските се остатоци од намерно рушење на фрески ... кои тука до ова зидче се оставени како шут ...

    Во тоа време незнаев за една друга информација - дека во близината на местото каде беа најдени деловите од фреските е пронајдена и надгобна плоча ... пишана на старословенски ...
    IMG_3958 (Small).jpg Средновековна црква - Кале 11 до 14 век (Small).jpg
  • Фотката ја покажува близината на Црквата ... на фреските и на надгробната плоча ... Покриното со најлон и картон се гробови кои како и црквата имаат чиста орјентација исток/запад ... Археологот Џидровска сеуште тука спореше - дека ова не црква ... а орјентацијата не е исток/запад ... Фотката е сликана на 12.Мај 2007 ...
    IMG_4391 (Small).jpg
  • Вчера разбрав конечно е потврдена локацијата на црквата откако претходно се пронајде сребрен прибор за причестување (путир и ...) ... Појдов на локалитетот и направив неколку нови фотки ... Во горниот дел на сликата јасно се гледа Олтарот на црквата која по габарит и не е преголема ...
    IMG_4402 (Small).jpg
    Археологот Џидровска во друштво на свој колега ... задоволно се смешка ... задоволно - веројатношто бидејки имаше чест под нејзините прсти да се открие средновековната Црква ... За нејзе тоа е големо откритие кое ке и влезе во нејзиното археолошко досје .... Централната црква на локалитетот треба да се бара во централниот дел на Кале ...
    Виргински манастир - со обележени цркви и манастири (Medium).jpg
    Погледнете ја прецизноста на оваа стара гравура која е правена од Холандски патеписец ... Точни се податоците за местата на јужната веќе откриена порта и северната ... Од црквите најголема била централната која сеште е некаде во средината на Кале и ги чека археолозите ... Црквата во долен град е точно под седиштето на сегашен Водовод ... А пештерската црква ... таа е неостварениот сон на професор Микулчиќ кој знае дека постои ... има историски извори за тоа ... но сеуште е тука некаде ... Црквата која сега е откриена ја нема на фоткава ... веројатно е градена во некој период покасно од времето на настанување на оваа гравура ... Гравурава фасцинира со точноста на својот приказ ... 
Понатака ке следат делови од она што е пишано на сајтот за Скопското Кале а се однесува на средновековните цркви:
  • Во продолжение на влезната партија кон исток беа откриени остатоци од калдрмисана површина - пат , што водел долж внатрешноста на јужниот бедем до повисоките делови на теренот.  Откриените камени црковни украси во тој дел на теренот,  укажуваат  дека некаде (во сеуште неистражените партии) во 10-11 век стоела најмалку една црква.

    На највисокиот и најдоминантен дел од Калето, во југоисточниот дел на градот или во Секторот 3, откриена е црква со крстообразна внатрешност и со некропола околу неа. Мегу другото, од оваа црква се сочувани парчиња од фрески (со стилско-ликовни одлики од крајот на 13-14 век), потоа еден посребрен путир скриен во криптата северно од црквата и позлатена сребрена посуда украсена со алмандини, емајл и голем грчки натпис околу неа (најдена порано, во јужното подножје на црквата). Во гробовите околу црквата е најден бронзен и сребрен накит како и повеќе монети кои потекнуваат од 13 и 14. век, како и една секундарно употребена надгробната плоча на некој болјар Влатко, со старословенски натпис, датирана  во 1281 година.

    Во рамките на Скопската Тврдина, според пишаните изворите имало и други цркви. Со истражувањатата на просторот близу до јужниот градски ѕид, а недалеку од Јужната порта ископани се бројни парчиња од ѕидни фрески од друга црква, како и поедини наоди на крстови. На истиот простор (Сектор 9) најдени се и најголемиот број наоди на оловни печати-пломби што се заедно најавува постоење на одреден црковно административен центар, некаде во близината, во сеуште неистражените делови од теренот.

    За време владеењето на  династијата на Комнените, низ целиот 12 век, во Византиското царство владеел мир и благосостојба. Според наодите на  камени делови од украси на иконостас, на Скопската Тврдина во тоа време биле подигнати најмалку 2 цркви. И другите наоди во слоевите на 12 и 13 век го илустрираат Скопје како вистински центар, економско средиште на  широка балканска регија.

    Историските податоци кажуваат дека од крајот на 13-тиот до крајот на 14 век  Скопје го држеле Србите. На местото на византиските чиновници доаѓа српска администрација, а кралот Стефан Душан ја преместил престолнината од Призрен во Скопје, каде бил крунисан за цар и го издал познатиот Законик.  Од пишаните извори исто така знаеме дека Горниот Град (Кале) во тоа време бил густо изграден и дека таму стоеле најмалку 4 цркви. Резултатите од нашите истражувања во голема мерка ја документира таквата слика
Еве ја надгобната плоча за која во веста на Канал пет, каде се говори/шпекулира дека е можно да се наведени ктиторите. Всушност е само надгробна плоча на некој свештеник ...
Со единица е означена црквата за која има откриени темели и се говори на почетокот на овој пост. Со двојка е новооткриената Јужна порта каде се најдови дело кои укажуваат близина на Црква ... Со три е означена локацијата на ресторанот кој веројатно идната година ке се тргне за да се истражи археолошки локацијата под него ...
http://volanskopje.blog.com.mk/system/files?file=%D0%9C%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B8%D0%BA%D1%83%D0%BB%D1%87%D0%B8%D1%9C%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%BE%D1%82%D0%BE%20%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%B5.jpg
Карта на Проф. Микулчиќ за Горен и Долен град ...
Klip od Crkvata.jpg
Мој Клип на Јутјуб од позицијата на Црквата ... кликнете на него за да го погледате ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter