Search This Blog

Sunday, December 13, 2009

Нов рејтинг - нарачан од „една амбасада“ ...

Редовно ги пратам рејтингувањата. Ке мора на еден пост да ги сместам сите линкувања кон рејтинзите и рејтинг агенциите, кои се прилично вносен бизнис во државата, бидејки преку рејтинзите не само што се проверува рејтингот на партиите и одредени партијски личности - туку преку нив се врши и КРЕИРАЊЕ НА ЈАВНОТО МНЕНИЕ.        Повеќе ».....

Овојпат по нарачка на “некоја амбасада“ Дневник и Утрински не известуваат за резултатите на овој рејтинг кој е спроведуван на 1601 испитаник. Од нив повеќе од 40 проценти не сакале да одговорат на прашањата - што би требало да значи дека на народот му се смучи од политика и рејтингување.

- рејтингот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ паднал под 20 проценти
- дека СДСМ добил неколку проценти поддршка повеќе од оние што досега ги имаше
- Според оваа анкета, направена за потребите на една странска амбасада, веднаш по добивањето на извештајот на Европската комисија во октомври, ова е најслабиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ од времето пред парламентарните избори во 2006 година.
Дали е ова шпекулација или не ке видиме, верувам дека брзо ке искочи нова анкета со различни резултати од оваа. Интересно е што анкетава била нарачана од “странска амбасада“??!

No comments:

Blog Archive

Site Meter