Search This Blog

Friday, December 25, 2009

blog.com.mk овие денови ке слави четиригодишнина, или помина?

http://blog.com.mk/themes/blogeraj_2008/images/header/header-image.jpg
Развојот и падот на Македонскиот Блогерај е во голема мера врзан со blog.com.mk. Платформата која околу нова година како што најви Трендо веројатно ке се сели, ке биде носталгична за многу луѓе кои тука наоѓаа простор за виртуелна занимација и дружење.  blog.com.mk ке биде простор кој ке сведочи за некои социолошки и политички движења во наша Македонија. И досега имаше многу сериозни социолошки па дури и политички истражувања кои се правеа на база на напишаното на blog.com.mk.         Повеќе ».....


Но имаше и многу кавги. За балканот кавгите се специфика - бадијала балканот во светот не е познат како буре барут. Но таму кај што има кавга има и љубов. Така да ако се тргнат на страна кавгите - ке се запаметат многу блогери кои својот блог паметно го искористија. Неколку блогери станаа колумнисти, неколку блогери окоричија дел од своите блог записи. Некои блогери беа приметени и веројатно полесно си најдоа работа.

Блогерите често правеа и блог журки и тоа не само виртуелни туку и вистински ... Чудно но кога ке се видат во природа, во живо што би се рекло, кавги како да нема. Кавгите остануваат за блогирањето ...

Би спомнал неколку факти:
  • Ако индексираш blog.com.mk на Google пребарувачот - ке ви се појават 13,400,000 блог содржини. Толкав е бројот на МК содржини на интернет, со што blog.com.mk завзема високо место на содржини на МК јазик.
  • Аlexa.com го рангира blog.com.mk со ранг 55. Сигурен сум дека со новата платформа овој ранк ке влезе во категоријата топ десет. Саслужува внимание да го видите ова.
  1. Блог селење - предлог
  2. Прашање за Трендо
  3. До Трендо, таткото на blog.com.mk
  4. Моите 5 желби за осмиот роденден на Он.Нет ... Имате ли и вие ваши пет желби ... Дете што не плаче, не цица ...
  5. БЛОГЕРАЈ
  6. Блогот и Јавното Мнение во Македонија
  7. Блог - мрчатори VS. Блог - тинтратори
  8. БЛОГ - граѓанско новинарство
  9. БЛОГ - зошто блогирам
  10. Рецесија и на блог посетите ...
  11. Самопрочистување на МК блогерски простор ...
  12. Интернет, блог, содржина ... МИСЛЕЊЕ/СТАВ ...
  13. “Дишење“ на блог ... “блог-позери“ ... модерирање на коментари ...
  14. БРИШЕЊЕ КОМЕНТАРИ ...
  15. Персона блог-нонграта ...

1 comment:

Photo Volan said...

Ако се суди по Тајмлајнот на МК Блогирање
http://filip.stir.org/timeline/macedonia/blogs/
Блогерајот на blog.com.mk отпочнал со работа на Wed, 26 Oct 2005 00:00:00 GMT.

Значи тортата некој веќе ја изел :)

Blog Archive

Site Meter