Search This Blog

Tuesday, July 20, 2010

Се ближат ли избори ?! … На наредните избори кога и да се случат во редовен или вонреден термин, нема да имаме апсолутен победник

ВмроДпмне одавна работи по рецептот на Тито, работат како утре да ке се случат избори иако изјавуваат дека оваа година не ги планираат. Работат на секторите каде има најголеми бројки на потенцијални избирачи:
  • работат со младите
  • работат со администрацијата и пензионерите
  • работат со земјоделците
  • работат со верниците
  • работат со социјалците
  • работат на чистење на своите редови
Повеќе »..... more ».....
За десна партија имаат успешно пуштено прсти во гласачкото левичарско тело ?! На последните три избори им успеја, како ке поминат на следните со оглед на тоа што се веќе четири години непречено на власт – каде не испорачуваат резултати особено на полето на економија и социјала ке видиме.
  • Опозицијата и таа одавно се спрема за избори иако со стари кадри со кои веќе изгуби три последовни избори …
  • ЛДП пробува да лови на таканречената трета опција – колку ке им успее ке видиме и тие имаат кадри кои до сега беа во власт и тоа им е пречка … со оглед дека неможе да има трета опција за наредните избори кои очито се блиску – можеби и нешто од контигентот на неопределените т.е. оние кои не ги сакаат партиите кои досега владееа, можеби нешто и ке направат … на ЛДП им се потребни свежи кадри и ставање по страна на оние кои беа на власт – во спротивно народот ке ги третира како и СДСМ … непрочистени/нересетирани …
  • ВмроДпмне се чини има најголем проблем во осипувањето на своите партијски подржувачи – поради пројавување на конкуренција во десницата предводена со повратникот Љубчо Геогиевски и Братот Љубе …
  • Се чини дека на наредните избори кога и да се случат во редовен или вонреден термин, нема да имаме апсолутен победник – туку ке мора да се прави постизборна колаиција и трговија
Вообичаен термин за избори е есен … есен е за некој месец … за тогаш СДСМ најави дека ке бара нови избори – не кажаа како ке бараат но кажа дека ке бараат …

ВмроДпмне има голема дилема во следново. Свесни се дека ако го чекаат редовниот термин на парламентарни избори ке изгубат многу повеќе отколку сега да наметнат нови избори и барем малку да го тргнат притисокот на јавноста – кој е усмерен кон лошите резултати во економијата …
ВмроДпмне калкулира со неспособноста на опозицијата иако се свесни за падот на нивниот рејтинг. Сето ова може да говори дека во есен се можни избори.
Со изборите уште еднаш ке се одложи решавањето на спорот со името каде авторитетите на ВмроДпмне имаат огромен притисок од меѓународните фактори …

Дали ке има нови избори секако зависи и од ставот на меѓународните моќници – кој е нивниот став за ова прашање тешко може да се оцени …

No comments:

Blog Archive

Site Meter