Search This Blog

Friday, January 28, 2011

А1 СЦЕНАРИО !!!


 А1 СЦЕНАРИО !!!
Мојот блог скоро година дена е ставен во мирување од текстови кои се посветени на политиката. Ме погоди човечката судбинија, ми се случија лоши работи ... го изгубив мотивот ...

Што ни се случува? Што им се случува ???

Оние кој владеат со нас (во името на избирачите) со само 20 процентна подршка од народат, легитимно, бидејки трипати по ред ја добиваат подршката од народот на избори овие денови во агонијата на губење на подршката која веќе подолг период им се случува, овие денови и месеци во нашите животи се со А1 СЦЕНАРИОТО !!! ... догреано со битка за преземање на управувањето со УНИВЕРЗИТЕТОТ, т.е. дефакто одземање на автономијата на универзитетот ...

Решени се да одат до крај со штитот или на штитот.

ЗАТВАРААТ се што не е со нив.

Да не бројам што се затворија. Да, многу работи и отворија (споменици пред се и нови празници за народот, наместо леб делат колачи ...), замочувајки наоколу и обележувајки ја територијата, демек да се види дека нешто градат. Ги урнисуваат живите, ги величаат мртвите кои им се по мерка. На оние кои не им се по мерка им порачуваат преку мегафоните да си одат од тука ... Неможат да отворат ниедно продуктивно работно место )иако тоа го ветија на иѕбори, но затоа отвараат иљадници нови административци кои се во фунција на НИВНОТО СЦЕНАРИО НА БОЖЕМНО ДЕМОКРАТСКО И ПАТРИОТСКО ВЛАДЕЕЊЕ СО НАС ...

Се гледа дека не пишувам, сум ја изгубил рутината – ме совладуваат емоциите пред мислата ... но се чини дека дефинитивно емоциите на незадоволниот народ топрва ке растат во правец на губење на подршката на актуелната власт. Тие ја губат подршката и во своите редови. Се потврдува правилото од спортот дека е полесно да ја освоиш титулата(во случајот власта), одколку да ја одржиш. Така и нашиве победници, во сценариото за сеопшто освојување на власта - се заборавија дека се на работ на подршката и дека клатното на подршката превагнува во нивна неподршка, БИДЕЈКИ ВСАШНОСТ ТИЕ МИСЛАТ САМО ЗА СЕБЕ (за фамилијата) ...

Гледајки дека во афричкиот свет а и во Албанија овие денови и месеци се случуваат крвави сценарија на симнување на власта по румуското сценарио ... се плашам дека и ние на крај ке влеземе во витлото на румунското сценарио, сега засега сме по патот на српското сценарио од режимот на Милошевиќ, сценариото на уличната подршка и неподршка ... Оној кој се игра со мечот завршува погубен од него. Така и оваа власт ставајки ја омчата врз сите кои не им се по мерка, нештедејки го ни народот, ни своите – на крај ке завршат од мечот на осудата на неистомислениците и ке бидат обесени на столбот на недемократското владеење со државата ...

Од А1 направија маченици, ги затвараат ... ги затвараат под повез на борбата со нелегалното работење и неплатени даноци ... Борбата за медиумите оваа власт ја почна со првите денови од кога ја добија власта, криминално одвојувајки неброени пари од даночните обврзници - кои директно влегоа во медиумите и ги гаснат еден по еден ... ги гасат оние кои не ги подржуваат ... Јадни и бедни се медиумите и новинарите кои се ставени во понизна подршка на власта ... Власта никојпат неможе да је добие подршката од народот ако прима нарачани написи од новинари, нарачани прашања од свои новинари ... па зарем тие мислат дека народот е глуп – па нема да види ...

Нема да должам премногу, власта владее диригирано од некој центар на сценаристите на ДБК или УБК или како ли сега се вика тајната полиција која за наши услови во изминатите години доби огромен дел од буџетот ... Се` се финасира со парите од народот ... на крај народот пак ке пресуди ... Затворите во кои затвараат, по губењето на власта брго ке се претворат во затвори каде самите ке бидат затварани, до заби наоружените маскирани специјалци кои апсат сега набрзо ке ги гледаме како ги апсат оние кои сега тоа го нарачуваат ... судиите кои сега судат во нивна полза лесно и брзо ке ги судат оние кои сега ги нарачуваат судењата ... а народот, тој ке пресуди на наредните избори кога и да се случат ... сега засега народот Македонски го прави она што најдобро го прави во нашата демократија, седи во топло, во омилената фотеља и сеирџиски го гледа А1 сценариото ...

Кој ке биде со штитот а кој на него ке видиме на следните избори ... Погребјиот марш за А1 кој моментално се "свири" пред портите на Владата на РМ, го најавува погребиот марш на оваа власт ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter