Search This Blog

Monday, February 14, 2011

ЛОВ НА ГЛАСАЧОТ ... Лов во матно ... „матење на водата“

http://chicagoist.com/attachments/chicagoist_tim/04-05-09_Potholes.jpg 
Стар ловечки трик е кога сакаш да ловиш ако ловиш риба да ја заматиш водата, а ако ловиш на суво да ловиш во измаглица ...

Се појасно ни станува дека некој ја мати водата во која треба да се лови - во нашиот случај се работи за ЛОВ НА ГЛАСАЧОТ. Лов на гласачот е особено важен кога ке му дојде сезона, се мисли на СЕЗОНАТА НА ИЗБОРИ. Во тоа светло појасно ке ни стане матењето на водата на скопското Кале, каде во матна вода едни градат Црква во превез на Музеј Црква - а други ја рушат Музеј Црквата. Уште повеќе буни тоа што и едните и другите се во власта/владата. Од страна гледаат и ловат од рипчињата кои бегаат од матната вода на скопското кале малите опозициони партии ...

Особено е сладок ловот на неопределениот гласач кој одавна го надмина повеќе од половината на изборното тело ... За жал во матната вода на скопското кале се пуштија плашици - ситните рипчиља на навивачките групи на Комитите, кои храбро дојдоја да го бранат идентитетот на Македонецот и да ја бранат градбата на Црквата Музеј и навивачките групи на Албанските екстремисти предводени од познати орли кои рушејки ја Црквата Музеј ја бележат територијата која мислат дека ја освоиле. Особено загрижуваат повиците кои се слушаа во 2001-вата УЧК, УЧК, УЧК ... Крупните риби седат во кабинетите на власта и гледаат како се одвиваат работите.

За жал на сите нас се работи за реизградба на Црква која тука.на калето постоела - не една туку најмалку три цркви се запишани во историските извори во оквир на стариот град. Се работи за културно и историско наследство кое обележило едно време и тоа неможе да се заборави или избрише. Со доаѓањето на турците на овие простори црквите на калето се срушени во текот на времето а калето станало воен објект БАРУТАНА/КАСАРНА. На соседните ридчиња на калето се срушени некои други цркви и манастири Виргинскиот манастир на пример и на нивно место (на местото на црквите и манастирите) се иградени импозантни Џамии кои и денеска стојат на просторот. Не е случајно што при последната реставрација на најубавата Џамија во Македонија Мустафапашината џамија не се дозволени никакви археолошки ископувања иако со преткодната реставрација на истата Џамија се докажа постоење на верски објект од постаро христијанско време ... Со тоа се изгуби шансата да се открие тајната на убицирањето на Виргинскиот Манастир и Виргиската ливада (каде со дозвола на црквата историски почнала да се врши организирана трговија во старата скопска чаршија...) на која во неделата наместо трговија се водеше војна меѓу навивачките групи ... СЕ МАТЕШЕ ВОДАТА И СЕ ЛОВЕШЕ ВО МАТНО ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter