Search This Blog

Friday, March 25, 2011

Новите пораки на Љу(б)пчо Георгиевски ...

http://media.a1.com.mk/media/vesti/ljubco-studio2.jpg 
Клик на сликата да го одгледаш видео интервуто:


По неколку години повлечен од политичките збиднувања во Македонија, Љу(б)пчо Георгиевски еден од оснивачите на ВмроДпмне, творецот на Македонизмот кој годиниве стана идеологија на ВмроДпмне, подоцна Премиер - најавува реактивирање во МК политичкиот живот не толку со желба да ја освои власта, туку со желба да испрати нова порака до МК електорат. За политичкото повлекување од политичкиот живот во Македонија на бившиот Премиер се шпекулираше дека е направен договор меѓу неговата бивша партија и меѓународната заедница - за возврат на повлекувањето од политичкиот живот да не се чепка во неговите досјеа поврзани со корупција додека бил на власт ... Сега пак за реактивирањето во  политичкиот живот се шпекулира дека е “замолен“ од “Меѓународната заедница“ да помогне во правењето на клима да се реши спорот  ...

Новата порака на Љу(б)пчо Георгиевски која сака да ја спроведе во овие избори е да се стваори клима да се надмине блокадата на МК НАТО и ЕУ интегративни процеси, преку брзо решавање на МК - ГР спор во врска со нашето име. Тој предлага Предизборна Декларација околу која би се обединиле сите - имено оној кој ке ја добие власта поединечно или во коалиција состави Влада во првите неколку месеци од власта да најде решение за спорот со името без да се оди на референдумско изјаснување. Преку декларацијата која би ја потпишале сите партии кои ке учествуваат во овие избори да се обрзат дека оние кои ке ја формираат новата влада брзо потоа ке го решат спорот а оние кои ке бидат опозиција нема да го користат ова прашање за напаѓање на луѓето и партиите кои ке учествуваат во решавањето на спорот кој очито не кочи во политичкоиот и економскиот развој на Република Македонија. По потпишувањето на декларацијата во изборите темата за името да се остави по страна а да се сконцентрира енергијата во предлози за економија и други важни теми за животот во Македонија.

No comments:

Blog Archive

Site Meter