Search This Blog

Sunday, March 13, 2011

Може ли ЛДП да биде третата опција во МК изборен процес

Во транзициона Македонија 20 години понудата на политичките партии беше меѓу двете најголеми политички партии СДСМ и ВмроДпмне. И двете партии договарајки се меѓу себе створиа политички модел во кој трета опција скоро да не е возможна.


Двете најголеми политички партии се менуваа во изборните победи на транзициона Македонија - но и покрај толку многуте шанси не донесоа ништо добро за обичниот МК гласач. Ниту едните ниту другите не успејаа да најдат начин како вистински да ја задвижат економијата од која се зависи. Власта ја искористија за да тие самите или нивните пајташи профитираат во транзиционата беда на МК народ. Толку многу се занесуваа одкако ке ја добиее власта што неможеа да направат сериозни реформи во општествено политичкиот и економскиот живот. Мислејки како да ја зајакнат својата власт на следните избори - само продуцираа технобирократски структури кои всужност произведоа нов социјалистички модел во Македонија, но со економско ниво далеку послабо од пред транзициониот период. Не најдоа начин како Македонија да ја внеста во посакуваните НАТО и ЕУ интегративни процеси. Не најдоа решение за подобрувањето на социјалниот и мултинационалниот дијалог. Власта ја користеа за да го освојат секој бастион од каде нешто се одлучува. Го освојуваа и судството и полицијата и се што представува државен апарат. Нема реформа на олабавување на стегите на економијата, која ослободена би можела да стане движечка сила, која ке ги придвижи и политичките процеси.

На избори каде што легитимно се добива власт, во нашиот изборен модел неможе да се оди ако не си голема политичка партија со организирана партијска структура. Таква структура имаат само СДСМ и ВмроДпмне. Досега само алтернативците на Циле Топурковски успејаа за есамо еден изборен циклус да освојат респектавилна бројка на парламентарци - но шансата не ја искористија. Благодарејки на непромисленоста на Топурковски, кој во партијата на доминантни места стави свои пријатели од детството, кои го предадоа поради лукративни го предадоаа по првата лукративна прилика - МК гласач неповратно ја изгуби третата опција.

ЛДП која денеска има конгрес упорно сака да се наметне дека они се тие кои се спасот за Македонија. Може ли да им се верува. Може ли ЛДП да биде спасот од Курто и Мурто. Воколку денеска на Конгресот не се ослободат од сите луѓе кои досега учествувале на било кој начин во минатите транзициони власти, тие неповратно ке ја изгувбат шансата. Ако не збришат се што предпоставува лидер или истактнат член кој досега учествувал во избвршната власт, тие ке покажат исто што и двете најголеми партии - дека нивната политичка партија неможе да најде нови сили и така свежи и нови да се понудат на МК избирач. Значи не е проблем во програмата,  проблем е да се дојдат до нови лица, кои ке искочат на избори и ке речат еве ние сме новата и свежата крв на политичкиот живот во Македонија. Секако е добро да тоа не бидат голобради деца како овие од сегашната власт ...
  • Четврти конгрес на ЛДП ... На собирот што треба да почне на пладне во Македонската Опера и Балет, ќе бидат избрани сите партиски органи - претседател, генерален секретар, Централен одбор и Надзорен одбор.

No comments:

Blog Archive

Site Meter