Search This Blog

Monday, April 04, 2011

Багер среде веројатен алрхеолошки локалитет ...


Во предходниот пост Дали управна зграда на ЈП Водовод и Канализација Скопје - ке се гради врз археолошки локалитет Долен град ?!! кој го пишав пред девет дена, посочив дека се припрема ископ среде можен археолошки локалитет “Долен Град“. Чинам доволно образложив со фото документација дека тука каде горниот багер од сликата копа е средиштето на веројатниот локалитет Длен Град.

Неможам да разберам дека Влада која во петте години потроши неколку милиони евра годишно за археолошки истражувања, неможеше да предпостови дека на оваа локација треба да има прво заштитни археолошки истражувања па потоа да почне ископот ... Паско Кузмин паѓа на испит ... Паѓа на испит и Професор Драги Митревски главниот археолог на ископувањето на Кале ... Зарем треба да се чека баберите да ископаат нови темели на веројатна црква во Долниот Град за да запре копањето ... дотогаш веројатниот вандализам на археолошки локалитет трае со багер среде него ...
Сл.2. Позната средновековна гравура на Скопското Кале, од холандски патеписец - кој направил скица во која јасно се гледаат контурите на Горниот Град т.е. сегашното Скопско Кале и со зидини ограден Долен Град, на местото на бараките на ЈП Водовод и Канализација Скопје ...
Сл. 3  Сегашен Гоогле изглед на Скоското Кале и можната локација на Долниот град.
  1. Старите сегашн бараки на ЈП Водовод и Канализација Скопје
  2. Можна локација на средновековна Црква во рамките на Долниот Град
  3. Новата управна зграда на Царината, која истотака е во изградена во оквир на Долниот град
  4. Остатоци од средновековна градба од турскиот период, личи на амам ... 
  5. Во текот на големите археолошки истражувања по земјотресот, кој ги предводеше Микулчиќ - убицирана е една пештерска црква која за жал денеска е недостапна, а се предпоставува према изворите дека постоеле уште такви пештерски цркви или монашки испосници ...
  6. Веќе Убицирана црква во рамките на Горниот град т.е. Калето
  7. Сегашните археолошки ископувања говорат дека под Ресторантот Кале се наоѓа уште поголема средновековна црква ...
  8. Третата Црква во рамките на Горниот Град кале се предпоставува дека е некаде на средината на Кале
  9. По мене местото на некогашната Виргинска Ливада, на која се организирани првите пазари во рамките на Виргинскиот Манастир. На ова место Микулчиќ вели дека е таканаречениот Долен Град.
Сл. 4  Оградата е поставена ...
Сл. 5
сл.6  Багер инфлагранте среде можен и веројатен важен археолошки локалитет ...
сл. 7 ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter