Search This Blog

Monday, May 16, 2011

Паљурци - Езеро Паљурци

сл.1  Вештачко акумулационо езеро Паљурци


Секоја капка вода е важна. Човечкиот организам може да преживее без храна триесетина дена а без вода може само недела дена ... Основен предуслов за добро земјоделиее е водата и сонцето ... Ако можеа Израелците од пустиња да прават земјоделски парцели преку системот капка по капка - веројатно можеме и ние како земја со доволно сонце и доволна количина на вода, од Македонија да направиме Калиформија ...

Водата и сонцето се моја фото опсесија, веројатно затоа што тие се творците на животот на планетата земја ... Македонија е земја на сонцето

Водата ни е проблем, ја има но недоволно се грижиме за неа. Водите ги загадуваме со начинот на современото живеење и лошата обработка на земјоделските површини каде се употребуваат преголеми дози на нитрати и пестициди ... Македонија има доволни количини на питка и здрава вода поради бројните планини и реки. Имаме три поголеми природни езера Охридско, Преспанско и Дојранско езеро и дваесетина акумулативни т.е. вештачки езера кои имаат повеќе намени. Некои од поголемите се: Акумулација Козјак, Шпиље - Дебарско, Прилепско Езеро, Тиквешко езеро, Слатинско Езеро, Беровско Ратевско Езеро, Мавровско Езеро, Калиманци, Стрежево, Глобочица, Мантово, Турија, Глажњa, Водоча, Коњско, Младост, Матка, Мавровица, Паљурци, Градче, Липковско, ... има и неколку помали акумулации ...

Сите горни акумулации се изградени со повеќе намени. За производство на електрична енергија, за наводнување, за подигање на подземните води, за вода за пиење ... По изградбата на вакви мали акумулациони езера, крајот постепено ја менува микроклимата ... Полека од тие места добиваме и туристички примамливи дестинации ...

Ваква приказна во себе имаме и кај вештачкото езеро Паљурци кое е мета на овој фото албум. Градено е пред триесетина години како земјена брана, го градеше ГП Пелагонија. Во микрорегионот меѓу Богданци и Дојран езерото Паљурци поминува покрај важен патен правец ...

Пред година две Паљурци стана многу популарно место за МК новинарска и политичка сцена. Имено Паљурци во себе крие и една друга приказна, за селото Паљурци во кое за жал сега никој не живее. Во минатото било познато поради католичкиот манстир, кој ја ширел писменоста во крајот. Од сето некогашно богатство на Паљурци постои само еден бунар кој минатата година го посети Претседателот ни Иванов кој по потекло е од тој крај и ги знае локалните приказни. Се вели дека Паљурци било на рутата на Апостол Павле ... Тука некаде била заробена и Мис Тон, а престојувал и Гоце Делчев ...

Благодарение на парите од ГТЗ изграде е прекрасна инфраструктура околу езерото. Она што боли е дека се застана по свеченото поставување на камен темелникот на црката посветена на Светиот Апостол Павле. Постои само плато на кое веројатно била бараката кога се градела браната - една дупка спомен од камен темелникот ... и толку ...

Паљурци стана популарно и заради тоа што постои барање од Католичката црква да им се врати имотот кај некогашниот манстир од кој нема ни камен. Има само еден бунар во кој лани претседателот ни Иванов фрлаше камен за да види дали има вода ...

Локалната самоуправа додели бесплатна парцела на крунскиот наследник на браќата Хунзи - тука да си изградат палата ...

Паљурци го спомна во свој говор и Црвенковски кога СДСМ имаа изборен конгрес во Универзална сала а Црвенковски се врати на тронот на СДСМ ... Тој рече дека е редно Македонија да се сврти кон ЕУ, Брисел и Нато а не кон Пела и Паљурци ...

 
сл.2  За да го пронајдете Вештачкото езеро Паљурци на Гоогле Мапс клините тука ... 
сл.3 Црква посветена на Свети Апостол Павле ... За жал осем камен темелник поставен лани на 12.Јули и овој плакат - нема ништо мрднато. ...
сл.4 За жал осем камен темелник поставен лани на 12.Јули и овој плакат - нема ништо мрднато ...
http://a1.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc6/230150_10150196959767449_716372448_7022790_7294395_n.jpg
сл.5
сл.6 Мирислива паљурска ливада  заспомен

No comments:

Blog Archive

Site Meter