Search This Blog

Monday, June 11, 2012

Од идеја до целта

За разлика од другите животински видови на нашата зелена планета полна со живот, човекот има особено развиен разум и резон. Не дека останатите животински видови тоа го немаат, но тоа тие го прават инстиктивно не со разум и план. Човекот благодарејки на својот разум однапред си го планира животот. Се спрема за него образувајки се, го бира местото на живеење и местото на работа, го бира образованието кое највеќе му прилага на неговиот ментален склоп, го бира партнерот со кој ке оформи фамилија. Скоро се може да биде план и плански. Не дека мене особено тоа ми се допаѓа бидејки јас ги сакам случајностите кои се особено битни да те извадат од монотонијата на планскиот живот.

Оној момент кога ке добиеш идеја како да си го подобриш, животот, играта, љубовта - ти стануваш разумно суштество кое рационално се однесува во својот живот. И покрај своите емоции кои го тераат полагодно да го живее животот (ко штурецот), ти се претвораш во мравка и вредно плански правиш нешто кое ке ти донесе посигурна благосостојба во твојот живот, на крај и поголема среќа.

Дали треба сами да си го слушаме своето срце и душа или за идејата треба да се посоветуваме со поискусните, пообразованите од нас. Секако е добро да се советуваме, но ако премногу потоа се ослонуваме на советите тогаш ке ја изгубиме среќата во остварување на сопствената идеја и тогаш остварувањето на идејата станува монотонија. Кога самите одиме по патот на нашата идеја, тогаш грешејки учиме попат но секако одиме кон целта. Радоста кога ке ја постигнеш целта е голема, особено кога за тоа си сам заслужен. Таа радост е споредлива со радоста на спортистите кои ке постигнат врвна цел во спортот, нивната насмевка и среќа на лицето додека ја примаат медалата и додека се свири химната е споредлива со вашата радост кога сте ја оствариле вашата.сопствената цел, сте го завршиле да речеме саканиот факултет, сте си купиле авто какво сте сакале, сте се вселиле во стан или куќа од вашите соништа, сте го добиле посакуваното дете, внуче, сте ја/го освоиле посакувата жена/маж ...

За да ги оствариме нашите цели најчесто ни се потребни пари. Значи мора прво тие да се заработат, ако ги немате наследено. Е тука се проблемите. Често во трката по пари станувате зависник од нив и нивен роб. Никојпат не можете да се заситите со количината на пари и имот кој носи пари. Тука луѓето грешат. Тие луѓе го губат осетот и мерката за убав и мирен живот. На таквите луѓе се им е малку. Тие обично и не можат да ги видат малите моменти на среќата во реалниот живот кој вистински ве прави среќен. Тие луѓе стално живеат во страв дека ке го загубат тешко стечениот имот и пари ... Трката по пари значи крај на среќниот живот.

За крај, треба да се следи идејата и да се радувате кога ке дојдете до целта. Да поставувате реални и остварливи цели. Нереално поставените цели носат несреќа дека вие не можете. Направите си етапни цели, кога ке стигнете до пониското скалило тогаш одите погоре ... во меѓувреме немојте да заборавите да му се радувате на вашиот живот, бидејки секој ден од важиот, нашиот, мојот живот е премиера - која ако ја преспиеме ке се пробудиме несреќни во староста ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter