Search This Blog

Saturday, March 21, 2015

Во што да веруваме?

Да веруваме во вредностите. Во кои вредности?

Кога си дете највеќе веруваш на родителите, тие те створиле, нивно чедо си и осеќаш дека највеќе те сакаат - повеќе дури и од нивниот живот. Како што растеш гледаш дека има различни родители, оние кои “успеале“ (се уновчиле) и оние кои “не успеале“ (останале на маргините на општеството). Вербата во твоите родители како што растеш и созреваш (особено кога и самиот ке доживееш да си родител) е се` поголема и поисконска. Родителите се вистинска вредност.

Како што растеш преку образовниот систем почнуваш да веруваш во твоите омилени учители, наставници и професори. Одпосле ке увидиш дека тие твоите учители всушност работеле со тебе заради својата плата која им е неопходна за да преживеат во својот живот. Но сепак некаде длабоко во твојата подсвест издвојуваш некои од твоите учители, наставници и професори кои успеале да усадат во дел од твојата свест/подсвест некои вредности кои станале дел од твојот реален живот.

Како што созреваш почнуваш да ја напаѓаш судбината дека таа ти е крива. Стануваш сомничав, го напаѓаш Бога (во кој што веруваш) бидејки и тој и покрај твојата верба во него -осознаваш дека не е најправичен ... Особено почнуваш да се сомневаш во оние кои се посредници помеѓу тебе и бога, кога тие(посредниците) не се на вистинскиот пат и не го живеат божјиот пат кој го проповедаат, кога и тие самите паѓаат во искушенија кои ги носи реалниот живот ...

Можеме ли да веруваме во среќата која на себе и на сите кои  ги сакаме си ја/им ја посакуваме. Како што ке созреваш ке увидиш дека не е добро да веруваш во среќата без ти самиот да се потрудиш да ја пронајдеш среќата, да поработиш на твојата среќа. Нели, за да добиеш бинго треба да купиш прво лоз, па после да се надеваш на среќа. Сите што верувале во својата среќа (дека се родени под среќна звезда и играат само на картата на својата среќа ...) најчесто животот го завршуваат несреќни. Најзадоволен/најсреќен си кога ке си речеш и увидиш дека сам си ковач на твојата среќа.

Во текот на твојот живот бидејки сме социјални суштества имаме потреба да веруваме во своите другари и пријатели. Како ке осозреваш сваќаш дека во твојот живот на прсти се бројат твоите вистински пријатели и другари. Повеќето од твоите другари и пријатели биле најчесто со тебе пријатели и другари заради некаков интерес.

Природата всадила во тебе потреба/код во текот на твоето зреење да стекнуваш интимни пријатели со кои делиш посебни моменти на среќа во твојт интимен живот. Најчесто на крај таа среќа прераснува во брачна заедница. Чести се случаевите кога во бирањето на интимните пријатели кои ти стануваат брачни партнери поради различни причини не се доаѓа до најсреќен исход. Затоа не смеат да се осудат оние кои кога ке увидат дека не се среќни во изборот ке го сменат патнерот за некој кој е посоодветен. Кога со некои од твоите интимни партнери доживееш среќа да добиеш дете/деца тогаш таквиот партнер ти станува многу важен бидејки само заедно (со здружени напори) можете да одгледате среќни деца.

За да живееш самоетојно потребно е да избереш одредена професија, каде преку својата работа ке остваруваш реални приходи(пари) за да го одржуваш твојот живот и животот на твојата фамилија. Ако при изборот на твојата професија додека работиш се осеќаш среќен при тој избор тогаш си сигурен дека си ја одбрал вистинската професија. Се додека не се осетиш среќен од твојата работа секојпат треба да бараш нова работа и професија.

Човекот(zoon politikon) во својата зрелост има потреба да верува во одредена политика и се` што од тоа произлегува. Политиката треба да се остави на политичарите, ние треба да сме вклучени само во нивниот правилен избор. Во политиката и политичарите никојпат не треба слепо да веруваме, секјпат треба да ја проверуваме нивната чесност. Секој мора да биде внимателен при изборот. Никојпат не е добро да оставаш некој друг да го прави твојот избор на политичарот/политиката. Политиката всушност е најнечесната професија и секојпат треба да биде проверувана.

Кога вистински ке осозрееш ке сватиш дека најлесно е да и веруваш на природата и нејзините закони, онаа која е искоснска, недопрена. За наша несреќа чиста недопрена природа има се` помалку.

Кога ке осозрееш сваќаш дека најдобар избор си правел кога си верувал во самиот себе, во твоите родители и во чистата природа. Најсреќен си само во моментите кога ке ја видиш и осетиш среќата во лицето на твоите деца и оние кои ги осеќаш како да се твои деца ... Од се` можеш да се откажеш, но од твојата судбина, твојот реален живот, родителите и децата никојпат не е добро/не можеш да се откажеш.

No comments:

Blog Archive

Site Meter