Search This Blog

Saturday, March 28, 2015

Кај кого е вистината (во чија приказна) ... сон

Утрово ме разбуди многу интензивен сон во кој живо учествувам. Толку беше јак и реалистичен што еве успевам да Ви го раскажам.

Незнам од кои причини се најдов во центарот на случувањето во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Нивниот Центар за комуникации имаше вистинско славје во една осредно голема сала и објавуваат дека победата е близу. Сите беа озарени и среќни, радосно подскокнуваа и ракоплескаа во такт, сите беа облечени во жолта боја накај портокалова. Се беше во знакот на таа нијанса на жолта боја. Мавтаа со свои знаменциња и му отпоздравуваа на говорникок кој им објаснуваше дека победата е НИВНА и СИГУРНА. Ликот и гласот на оние двајца кои говорееа во штабот на ВМРО-ДПМНЕ ми заличеа на Мартин Протоѓер и Илија Димовски кој беше озарен од среќната вест на првоговорникот.

Говорникот објави дека победата е блиска и брза затоа што направиле успешен договор со најјакиот телефонски и мобилен оператор t-mobile - кој им гарантирал дека е најдобар и најбрз и со најголем опфат кај Македонскиот народ. По објавата во општата еуфорична атмосфера некако се јавив за збор и им реков: Вистина е дека имате огромни шанси да победите ако сте го ангажирале најакиот оператор во земјата - но има само два проблема а тоа се 1. Дали сте сопственици на вистината т.е. дали вашата приказна е вистината. Бидејки е општо-познато дека на крајот секојпат победува вистината - “таа е како шило ...“ и под 2. Чив е t-mobile. Ги подсетив сите дека t-mobile е сопственост на германска компанија и е зависен (под влијание) на германската политика и политичари. Подсетив дека грешката ја направил оној кој го продаде t-mobile (нашата златна кокошка која не смеееше да се продаде). При крајот на сонот им кажав дека веројатно не слушнале дека сопствениците на t-mobile веќе покренале истрага - како и кој ја користел опремата во големата мега афера на прислушкивање во Македонија. При крајот на сонот успеав само да го видам стишеното сомничавото комешање на присутните во салата во која се` беше обоено со жолто. Сите почнаа меѓусебно значително да се погледнуваат/запрашуваат дали нивната приказна е “Вистината за Македонија“ ...

Толку од сонот бидејки ме пробуди врата од купатилото која некој ја тресна да ја затвори. Како ке заврши овој сон и кој ке победи во “Вистината за Македонија“ т.е. кој е сопственик на вистината во приказната за прислукувањето ке мора да ја дознаеме во реалноста.

За крај мало појаснување - ке морате да ми верувата на мојот збор дека ова беше вистина само сон, кој успеав да го запишам ... а сонот е само реакција на телото и мозокот на многуте пропаганди кои ги слушаме деновиве. Признавам ги слушам и двата центра на пропагандната војна, демек за да бидам во тек - за да пресудам кој е во право. Им дадов шанса на двете страни да ми ја раскажуваат нивната вистина...

No comments:

Blog Archive

Site Meter