Search This Blog

Monday, July 27, 2015

Туширање и греење под палма...

Налудничавоста на трошење на јавни пари на оваа власт продолжува, по садењето на скапите палми кои неможат да ја издржат нашата клима ни лете ни зиме (изгор лето - кочан зима). Градските власти во Скопје и широм Македонија каде се засадија палмите (за да ги подсеќаат на Белизе ...) сега по неуспешниот проект во зима за загревање на палмите - се огласи дека бара чаре за најевтино туширање под палмите. На ова сиромашниот слој од Македонија (земја на зголемена сиромаштија) се огласи со радост дека тие ке имаат “бесплатно туширање“ во лето под палмите, како што во зима “поставуваа кампови под палминовото греење“ ... Луда држава, им се може бе - ги гласавме сега ке ги трпиме ...

Wednesday, July 15, 2015

Да виду па не верују ...

Заев објав дека е постигнат договор Груевски да си поднесе оставка пред нова година. Привремената (преодна) Влада ке ги организира предвремените парламентарни избори на 24.Април идната година. СДСМ го добива министерството за полиција и труд и социјала. Во финасии и други две министерства има заменик министер со право на вето. Се бира специјален истражен судија за доказите од аудио снимките. Опозиција се врќа во парламентот.

Да виду па не веруку ...

Thursday, July 09, 2015

Тоалет хартија ...


Често ги забораваме нештата какви биле изворно. Кога сега ке напишеш тоалет хартија, скоро на сите паметот ке ни отиде во политичките договори на нашите партии кои во договорите произведуваат само тоалет хартии. Мене тука мислата ми е на вистинската тоалет хартија онаа со која се забришуваме кога ке одиме по голема и мала нужда.

Роден сум во село Старо Нагоричане далечната `55 година од минатиот век. Во Скопје сум донесен во стан близу Универзална во `57 мата година исто од минатиот век. Тогаш Универзална беше последна станца за двојка која стоеше кај слаткарницата Апче. Карпуш еден два и три, населбата Козле не постоеа, беа скопски бавчи. После Рузвелтова имаше само еден мал тесен пат (сегашна Партизанска) кој одеше до првите куќи на Ѓорче, кој тогаш беше приградска населба да не кажам село. Да се вратам на станот две соби, мал шпаез со лавабо, предсобје и купатило, се во 42 квадрата.

Револуцијата беше во купатилото. Замислите наместо да одиш на извор да донесеш вода за пиење ти само одиш во купатилото или шпаезот пушташ чешма, подставаш чаша и пиеш ладна изворска вода од Рашче (додуше Рашче е изградено по земјотресот `63 година, така да водата беше од некој извор од блиското Водно или од некој рени бунар. Какво богатство и привилегија е течната питка вода во секој дом знае само оној кој на село одел на чешма со стомни во рацете ако точи вода за пиење или пак полни вода во буриња за технолошка вода за чистење на домот. Услов да се изгради село или населено место е питка вода. Сите манастири се изградени покрај јак извор за питка вода ...

Какво е тоа (водата) богатство гледаме од жедните широм светот - во Африка на пример. Пред некој ден гледав емисија на телевизја како во подсахарсхите земји кои некојпат биле езера, луѓето одат и до 50 километри по вода за пиење и за напојување на добитокот. Велат за питките води ке се водат војни во овој век. Додека не падне дожд перење аш. Не е ни чудо што заштитени зони каде нема индустрија најкупувани места се изворите на питката вода. Ние тоа сеуште го имаме но многу малу го цениме, се однесуваме бахато према еко системите за питка вода. Сега изворите на питка вода ни ги купуваат странци. Замислите, дури имаше идеја на политичките партии питката вода од цевководите на Рашче да се продаде. Најзаинтересирани тогаш беа Французите. За среќа куртуливме тогаш. Колку значи питката вода во Гермнија на пример. Првпат појдов како студент на патување во Германија далечната 1975 година. Беше топло лето а јас одев со воз. Научен од кај нас во Минхен се симнав од возот и право на чешма. Над неа стои напис “не е за пииење“. Ми се пиеше вода и влегов во ресторант и велам ве молам чаша вода. Ми вели 10 фенинга Ве молам. Но велам јас сакам од водата која ви тече на чешма. Таа не е за пиење, таа е само техничка вода. Си велам кај дојдов, овие биле сиромаси - ни вода за пиење немаат.

Да се вратам на купатилото од станот кај Универзална и далечната 1957 година. Како што беше мал станот, купатилото беше големо. Во него имаше голема када над која имаше уште една чешма со два отвора за топла и за ладна вода. Топлата вода се грееше со бојлер на дрва. Е да, имаше и туш - метална цевка фиксирана некаде со позиција над главата со решетка на крајот од каде секој дома имаше природен водопад под кој беше удобно туширањето. Кое богатство чисти раце и чисто тело со водопад во секој дом. Ја паметам мајками колку се радуваше што не мора да оди со прљавиот веш на далечната чесма со пирајка во рацете и неколку кофи и да, корито. Тука наместо корито имаше голема метална плус и емајлирана када што не рѓосува. На кадата сите имаа даска за перење, топла вода од бојлерот на дрва и пак пирајка. Но се е тука дома на дофат. Радоста на жените била голема. Сигурно поголема станала кога во куќата влегоа првите машини за перење веш но тоа дојде помасовно дури во седумдесетите години од минатиот век. Е да, до кадата имавме најпрвин чучавец каде се празневме по голема и мала нужда. Чучавецот по доцните шеесети години беше заменет со ВЦ шоља кој од тогаш а и сеуште е стандард. Замисли си седиш и си се празниш. На крајот за да се забришеш ти треба тоалет хартија. Одма до ВЦ шољата имавме едно пластично кутивче во која стоеше тоалет хартијата. Таа беше од оние коцкастите кои наредени во правоаголната кутија излегуваа од кутивчето за тоалет хартија. Но хартијата беше ужасно скапа за обичните луѓе. Тогаш парола “снајди се“ беше да правиш ливчиња тоалет хартија од весници. Сечеш хартија по димензија, ја диплиш и наместо купечката ја ставаш во кутивчето оваа самоделската тоалет хартија која врши работа. Вистина газот го полниш со олово, но така беше тогаш и многу години потоа. Биде во тоа купатило немавме а немаше ниту пак по комшилукот. Биде стана мода во доцните седумдесети години од минатиот век. Да си го измиеш газот по извршената нужда е ногу здраво. Муслиманите тоа го прават како дел од ритуал. Јас тоа почнав да го правам кога првпат ја осетив благодета на бидето. Додуше сега повеќе сакам да влезам во када и убаво со топла вода и сапун да се измијам и газот да ми биде мек како на бебе. Се осеќам многу пљаво ако тоа не сум го направил по секое празнење. Но да се вратам на тоалетната хартија. Сега не постои жена а богами и маж кој во ташната или џепот нема палома марамици, за секој случај. Тоалет хартијата стана стандард без кој не се може.

Сакам да се сетам како се живеело/ше без тоалет хартија. Имам и такви искуства од мојот живот на село кај дедо и баба каде секое лето го поминував летниот распуст. Кога ке ти се приоди по нужда ако си дома трчаш позади куќа од северната страна каде никојпат во селските куќи нема прозор. Чучнуваш и се празниш. Но дете си, си заборавил да земеш “књишку“ викаше баба. Сега како, бараш наоколу соодветно камче за да го одстраниш колку можеш остатокот од изметот. Како последица на сето тоа детските гаќи од тоа време најдолу секојпат беа кафеави и со остатоци од изметот кој не си успеал да го избришеш. Ниту мајками, ниту бабами никојпат не се лутеа кога ги переа пожолетните гаки. Тоа некако тогаш беше нормално. Ако си по ниви е уште поголем проблем. На нива нема ниту камчиња. Затоа сите одевме по нужда во високите пченки. Ем ти обезбедуваат заклон кога ке чучнеш, ем го користиш листот од пченките да се забришеш. Голема среќа е ако во близината има лозје. Лозовиот лист беше идеална природна тоалетна хартија.

Го сакам моето родно село. Обожувам секојпат да одам таму, по нивите и ливадите, на река каде се капевме. Женами никојпат не сакаше да преспеме на село. Ми велеше направи прво тоалет со туш и една соба за спиење - после може да рачунаш и на мене. Тоалетот е сега стандард без кој ни на село не се живее ...

Луѓе мои од сегашната цивилизација, кога ке појдете во било кој тоалет - заблагодарете му се на бога и добрите луѓе кои Ви овозможиле да имаме насекаде околу нас тоалети со сите стандарди.

Wednesday, July 08, 2015

Варијанта “што ми можеш - ништо не ми можеш“ ...

Додека играф шах, еден од противниците кој наизглед послабо стои ке прогласеше пат позиција во смисла имам варијанта “што ми можеш - т.е. ништо не ми можеш“ ...

Груевски ја игра варијантата “што ми можеш - ништо не ми можеш“. Сите дознавме о слушнатие разговори- дека крадел на избори, а како што слушнавме крадел и за себе и фамилијата, крадел и за партијата. Но бидејки има 62 пратеника, значи законодавната власт е негова а овие (неговите пратеници) се осигурани со потписи за верност. Ја има полицијата јавната и тајната - што значи ја има принудата во свои раце. Ја има и правдата во свои раце во сите нивои на судството преку диригирано бирање на сите судии што се бирани последните десет години. Ги има главните медиуми во свои раце, преку нивното плаќање со сенародни пари. Го има бизнис секторот кој е зависен од владините проекти. Има се. И покрај тоа што е фатен со рацете во медот - тој ја игра варијантата “што ми можеш“ ... Веке шест месеци нема ниедна средба со меѓународен лидер, но странците не ни бираат лидери и не ни се судии.

Груевски порачува или ке морате насилно да ме урнете, притуоа да се судрите со мојата полиција и судство или чеајте ја изборната кланица после две ипол години на редовни избори кога јас пак ке победам бидејки и тогаш ке ги организирам изборите. Изборот е ваш голо и порачува на опозицијата.

Saturday, July 04, 2015

Кога Господ удира, удира јако ...

Судбина. Јас не сум верник. Но го споменувам Господ кога нештата се поврзуваат со судбина, со трагичното заминување на оној свет. Кога нештата се необјасниви.

Имено читам по медиуми дека 19 годишно девојче од Јапонија болно од неизлечива болест (некој вид леукемија) страсно навива за Ѓоковиќ. Во моментите кога ја чека средбата со бога и со своите родители кои погинале во цунамите страсно посакува да добие дрес и рекет од својот идол кој е користен во меч. Девојчето навивало за Ѓоковиќ, поради неговата упорност и воља. Додека било здраво штедело пари да оди да го гледа Ѓоковиќ во живо на Вимблдон или Ролан Гарос. Но наместо тоа сега се бори со неизлечивата болест и е врзано за болничка постела. Ѓоковиќ кога дознал од медиумите вчера по мечот со Бернард Томиќ го пратил својот дрес со својот потпис.

Целта на постот ми беше друга, да потенцирам дека кога Господ удира по некого - удира јако. Скоро сите тоа сме го осетиле и на себе. 

Blog Archive

Site Meter