Search This Blog

Wednesday, March 01, 2017

Граѓанскиот протест е уставно право ... Централно - Локално - Власт/Опозиција ... Златни кокошки

Протестираше опозицијата и граѓанскиот сектор во неколку наврати во блиското минато. Сега под притисок на најавата на формирање на ново владино мнозинство (централна власт) протестираат граѓаните кои се обединуваат околу платформа/и кои се инструирани од македонската десница. И минатите протести и сегашните имаат сличности но и различности. Сличностите се во тоа дека за да се организира протест мора да има финасиска поткрепа од некого. Протестите на граѓанската левица беа осмислени - нивната организација одеше со партиска логистика за да подоцна премине преку разни невладини организации и граѓански здруженија. На протестите на левицата многу срамежливо се приклучиа студентски организации. Власта уште тогаш обвини дека сето тоа беше инструирано и финасирано од разни странски центри, преку званичните грантови од некои западни демократии но најголемиот дел од парите влегуваа преку Соросовата фондација и Усаид програмата. Грантови делеа и холандската амбасада на пример и некои други побогати држави се со цел на подигање на свеста за остварување на граѓанските слободи и права. Веројатно имаше и кеш донации за специјални цели - кои секојпат пристигаат преку странските служби кои работат на свои специфични сценарија. На протестите оние минатите со своја подршка настапуваа и локалните самоуправи од поголемите градови кои беа контролирани од левицата. Така осем во Скопје имавме голема подршка од градовите како Куманово и Струмица.

Она што сега се случува во сегашните протести може да се види дека МК десница луташе како да најде платформа за организирање на протести од своите подржувачи а да тоа биде во модерен стил и со модерни демократски средства. Брзо увидоа дека директно организирање на протестите од главната десно орјентирана партија која ја контролираше до сега централната власт и сите институции не им носи подршка и симпатии од светските центри на демократијата. Се чини дека сега се на прав пат да најдоат минимална платформа но и начин како да ги организираат сегашните протести. Во Скопје како најголем МК град се случуваат и најголемите протести со слични сценарија овојпат инструирани од главната десничарска МК партија. Финасирањето на сегашните протести (бидејки без пари нема музика) се од центрите кои убаво се нафатираа со пари од десетгодишното неконтролирано владение со МК институции. Во последните два дена се ископира сценариото од минатите протести па се организираа протеси на локално ниво во поголемите градови какде локалната власт ја има МК десница. Се организираат протести во Охрид, Штип, Прилеп, Битола и Кичево. Очигледно е дека освојувањето на локалната власт е многу важна алатка за секоја посериозна партија која атакува на избори за да добие власт. Локалните самоуправи лесно наоѓаат начини како да финансиски помогнат а особено како организациски да помогнат на некоја нова невладина организација и здружение. На новите протести се приклучуваат интелектуалците кои се блики до МК десница но и мегафоните кои ги гледаме низ медиумите блиски до десницата. Дека и овие протести се централно организирани се гледа од тоа дека главните организатори секојпат читаат од ливче (она што некој им го напишал) а не говорат од своја глава. И тука има сличности со минатите протести организирани главно од МК левица.

Очито е дека МК десница полека се спрема да дејствува како опозиција постепено привикнувајки се во улогата на опозиција во едно општество. Дотука се е нормално во демократската лепеза на делување на партиите и граѓанските здруженија. Веројатно драматично ке осеќаме потреси додека не се смени централната власт и во тој период се и најголемите ризици од неконтролирани немири - особено ако левицата сега пак се одлучи на нивни контрапротести на овие протести ... еве да речеме налутени од повторно некој неконтролиран потег на председателот (п со мала буква) ни, кај кого деновиве е повторно жешкиот костен... Највеќе сите ке не заболи ако дојде до обрачуни каде ке се употребуваат недемократски средства на насилие со употреба на огнени средства. Не е вредна загубата на ниту еден живот за да тоа донесе некого на власт. Не сум сигурен дека во финасирањето и на овие најнови протести не се вклучат и странски центри организирани преку нивните служби. Ваквите странски цетри за да водата е што поматна финасираат на двете страни ... странските служби секојпат знаат да искористат вакви матни ситуации за остварување на своите стратешки цели. Нивните стратешки цели се територија и пари. Странските финасиски центри обилно не кредитираат и брзо ке дојде време кога пак ке мораме да продаваме златни кокошки. Такви малку останаа, остана само МК електрани и земјиштето сеедно дали е градежно или земјоделско. Брозо ке слушнеме кои се други природни ресурси се веќе продадени - рудни/минерални богатства и извори на вода. Грците ги тераат да си ги продаваат островите - нас ке не тераат да ги продаваме неколкуте преостанати златни кокошки.

Да не заборавам оние кои криминално се офајдија во минатото десетлетие порано или подоцна ке си лежат.

No comments:

Blog Archive

Site Meter